Комфорен сопатник за вас и вашите гости.
Моделот Caravelle ќе ги исполни вашите високи очекувања и барања - а во некои моменти дури и ќе ги надмине.
Веќе првиот впечаток јасно ја покажува целата негова класа. Хармонични форми, нагласено прикажување на линиите - тука Ви се претставува едно исклучително возило.
Caravelle е вистински претставник на максималната мобилност. Тој е попросторен, пофлексибилен и попроменлив од сите други лимузини - и при тоа се вози како патнички автомобил. Покрај тоа ви нуди и исклучително висок комфор. Со него секој патува комфорно. И тоа во секоја ситуација: затоа што ниедно друго возило не се приспособува како што го прави тоа Caravelle. Затоа што во животот нешто сепак е во движење.
Оваквиот впечаток исто така продолжува и во внатрешноста.
Штом ги отворите страничните лизгачки врати и погледот ви падне на комфорниот влезен дел, квалитетните седишта и елегантно преслечените форми во внатрешноста, претчувството станува извесност: тука се патува добро!

