Суверен при секакви врменски услови. Со погонот 4MOTION.
Не дозволувајте времето да ви ги диктира плановите.
Безгрижно тргнете на пат, зошто погонот на сите четири тркала 4MOTION
ви овозможува отимално припојување по дожд, снег, и лошите услови на
патот - на планините во кривините и при забрзување. За се ова се грижи
централниот компјутер. Тој ги поврзува сите управувачки уреди со
сензорите за динамика на возењето, како и со управувачката единица на
моторот и менувачот како би ги обезбедил потребните корекции во рок од
милисекунди.
За време на возење по надолнина во понискиот степен на пренос погонот
4MOTION располага со подобар ефект на кочење со моторот, зошто сите
четири тркала придонесуваат за пренос на силата. На тој начин вие сте
припремени за посебни активности, сеедно дали се движите по
необезбедени градилишта, колски патишта или ридести патишта под снег.
Со длабочина на газење од 300 mm во можност сте да ги совладате водените препреки во и надвор од патот. Благодарејќи на предниот закосен агол од 22 * и задниот закосен агол од 16 степени* можете да ги совладате сите видови на нерамен терен. Со агол на навалување од 14 степени* можат да се совладаат сите испакнатини и поголеми нерамнини на патот. По желба, на располагање ви е и рачна блокада на диференцијалот на задниот мост .
*мерено под целосно оптеретување, меѓуосовинско растојание од 3.000mm.

