Caravelle. Врвен комфор.
Caravelle ќе ги исполни вашите високи очекувања и потреби - а во некои моменти можеби и ќе ги надмине. Веќе првиот впечаток јасно го покажува целиот негов стил. Хармонични форми, нагласени линии - овде ви се претставува исклучително возило.
Caravelle е вистински претставник на максималната мобилност. Тој е попросторен, пофлексибилен и попроменлив од сите други лимузини - и при тоа се вози како патнички автомобил. Покрај тоа ви нуди и исклучително високо уживање. Со него секое патување е чист комфор. И тоа во секоја ситуација: затоа што Caravelle се прилагодува како ниеден друг автомобил.
Во внатрешноста тоа претчувство постојано се продолжува. Штом ја отворите страничната лизгачка врата и погледот ви падне на комфорниот влез, до 9 висококвалитетни седишта, широкиот простор за нозете и елегантните форми на внатрешното уредување, станувате сигурни во она што сте претчувствувале: тука добро се патува!

