Внатрешните вредности што воодушевуваат.
Комфорот е на прво место кај Caravelle.
Затоа тој на стартот тргнува со голем број на пријатни и практични додатоци. Таванот на кровот со отворите за вентилација, лизгачко стакло лево од од патничкиот простор, ролетни за заштита од сонце и тепих (опција кај Trendline) кои за време на патувањето обезбедуваат пријатен амбиент и нагласено го презентираат стилскиот ентериер на моделот Caravelle.
Покрај тоа, клима уредот во возачката кабина и патничкиот простор (сериска опрема за модел Comfortline) обезбедува оптимална температура. Како опција може да се нарача клима уред за возачката кабина и патничкиот простор или електронски клима уред "Climatronic" (клима уред со три зони).
Комфорното седиште кое се подесува по должина и висина со подршка за карличниот дел од рбетот и потпирачите за рацете заедно со управувачот, кој се подесува по длабочина и висина овозможува индивидуално оптимално подесување на позицијата за седење на секој возач.
Варијантата Caravelle со долго меѓуоскиното растојание, која по желба може да биде опремена со крилни врати за багажникот, Ви нуди уште повеќе простор: многу место за нозете на вашите патници со посредништво на варијабилните можности на клупата со три седишта. Или можност на варирање на багажниот простор во зависност од потребата за превоз на багаж.

