Со Caravelle вие и вашите гости можете да доживеете големи моменти.
Повеќе економичност, повеќе варијабилност, повеќе моќност: Caravelle во целост ги исполнува овие побарувања. Тој веднаш ви нуди пет долговечни мотори чиј вртежен момент се развива во широката рамка на вртежи. Со тоа тој секогаш покажува подвижност и истовремено се однесува избалансирано во возењето.
Четирите TDI агрегати со common-rail технологијата и ниската потрошувачка од 6,1 l/100 km кој ја разви Volkswagen според специјалните откритија од областа на дизел моторите се потврдуваат со ефикасноста и и штедливоста.
2.0 BiTDI 132 kW (180 КС)
Најдобриот мотор во Тransporter е со иновативна технологија. Двата BiTDI турбополначи испорачуваат голема моќ а истовремено пружаат исклучително возачко задоволство со максимален вртежен момент од 400 Nm. Со овој мотор доаѓаат 6-степен мануелен или седум степен автоматски (DSG) менувач. По прв пат достапна е и комбинацијата DSG со 4Motion.
2.0 TDI 103 kW (140 КС)
Благодарејќи на моќниот агрегат со 140 КС, долгите патувања ќе претставуваат вистинско задоволство. Во поглед на заштитата на околината вредно е да се спомене намалувањето на CO2 емисиите како и потрошувачката на гориво. И кај овој мотор достапни се шест-степениот мануелен и седум-степениот автоматски (DSG) менувач.
2.0 TDI 75 kW (102 КС)
Намалувањето на емисиите со намалената потрошувачка а зголемената моќност е добитна комбинација. Моќта кај овој мотор се пренесува преку пет-степениот мануелен менувач.
2.0 TDI 62 kW (84 КС)
Основниот дизел ја добива моќта од 2 литарскиот мотор. Благодарејќи на TDI технологијата, максималниот вртежен момент на овој мотор е 220 Nm. Како и кај другите мотори и тука е карактеристична намалената емисија и потрошувачка а зголемена моќност. Овој мотор е достапен со пет-степен мануелен пренос на брзините.
2.0 Бензински мотор 85 kW (115 КС)
Бензинскиот мотор со четири цилиндри и моќност од 115 КС, создава вртежен момент од 170 Nm. Достапен е со петстепен мануелен менувач.

