Вие мислите на вашите патници. Ние мислиме за вашата сигурност.
Во работнот осекојдневие вообичаено владее брзањето. Поради тоа кај моделот Caravelle безбедноста е на прво место - во секакви временски услови.
Со системот против блокадата на погонските тркала (ABS), електронската распределба на силата на кочење (EBV), електронската контрола на стабилноста
(ESP), електронската блокада на диференцијалот (EDS) и регулирањето на пролизгувањето на погонските тркала (ASR), тој ви нуди комплетен пакет на безбедност на кој што можете да се потпрете. Тој е оптимално проширен со регулација на моторното кочење (MSR) кај предниот погон. Затоа што MSR
го спречува пролизгувањето на погонските тркала на лизгавата подлога при ненадејно одземање на гаста или при активирање на спојката откако ќе го промените преносот во понизок степен.
Воздушното перниче за возачот е дел од сериската опрема, исто како што се и сигурносните појаси со три точки за врзување на сите места за седење. Како опција на располагање ви е воздушно перниче за совозачот, како и две странични перничиња со две воздушни перничиња за главата во возачката кабина.
Независното потпирање на секое тркало посебно обезбедува посебно стабилно лежење на патот а суверената моторизација во сите услови на оптеретување обезбедува активна безбедност - како би можеле опуштено да реагирате на секоја ситуација во сообраќајот. Вие грижете се за клиентите и термините. Ние ќе се грижиме за вашата безбедност.

