Комфорен придружник за вашите гости.
Caravelle Comfortline.
Ако постаувате високи барања во погледот на комфорот и опремата, тогаш Caravelle Comfortline ќе ве задоволи Вас на најдобар можен начин. Веќе првиот впечаток ја покажува неговата вистинска класа. Хармонични форми, нагласени линии - тука ви се претставува едно исклучително возило.
Тоа веќе се гледа однадвор: хормираната решетка на маската на ладилникот и како сериска опрема надворешни ретровизори , предни и задни браници, рачките на вратите и поклопецот на багажникот во бојата на каросеријата ја оддаваат елегантноста на една лимузина. Каросеријата на моделот Caravelle сјае со елеганција и спортски карактеристики.
Освен тоа, Caravelle е исклучително пријатно работно место. Поединечните седишта за возачот и совозачот сериски се опремени со подршка за карличниот дел од рбетот, располагаат со потпирачи за рацете од двете страни и можност за индивидуално поставување на висината. Серискиот рачен клима уред во зависност од временските услови ви дава свеж и топол воздух во внатрешноста.
Caravelle Trendline сериски е опремена со поклопец на багажникот вклучувајќи и стакло. Тоа е опремено со греење и бришач.
Страничната лизгачка врата на страната на совозачот се сериски дел од опремата. Како опција на располагање е дополнителната лизгачка врата од страна на возачот.
Надворешните ретровизори можат постојано да се поставуваат со помош на заедничкиот прекинувач.
Вториот ред во патничкиот простор изработен е како клупа со три седишта која може да се преклопи и завитка, со што ви се нуди поголем багажен простор.
За елегантен амбиент тука е квалитетниот тепих во возачката кабина и патничкиот простор.
Комплетен сигурносен пакет
Caravelle Comfortline нуди целосен сигурносен пакет со
- систем против блокирање на тркалата (ABS),
- електронска распределба на силата на кочење (EBV),
- електронска блокада на диференцијалот (EDS),
- електронска контрола на стабилноста (ESP),
- регулирање на пролизгувањето на погонските тркала (ASR),
- регулирање на моментот на кочење на моторот (MSR) - MSR не е можен во комбинација со 4MOTION
- располага со воздушно перниче со зафатнина на воздухот за возачот, како и со воздушно перниче за совозачот.

