Комфорно да се патува, значи да не се откажете од се.
Вие и вашите гости во Caravelle Trendline имате:
- Возачкото седиште да се подеси по висина
- Целосно да се затвори патничката кабина
- Издржлив гумен под
- Девет седишта во патничката кабина и доволно простор за багажот
- Практична лампа во багажниот простор
- Ефективни и атрактивни H4 халогени светла
- Модерно дизајнирана предна решетка
- Динамичен преден дел
- Одлично дизајнирани ретровизори
Caravelle Trendline е на располагање со кратко или долго меѓуоскино растојание и сериски се испорачува со седум седишта: седиште за возачот, седиште за совозачот, една клупа со две седишта во првиот ред, на патничкиот простор и една клупа со три седишта во вториот ред. Кај долгото меѓуоскино растојание седиштата во патничкиот простор можат по желба да се распределат на два или три реда на седишта, во зависност од потребниот простор за багаж.
Caravelle Trendline сериски е опремена со поклопец на багажникот вклучувајќи и стакло. Тоа е опремено со греење и бришач.
Страничната лизгачка врата на страната на совозачот се сериски дел од опремата. Како опција на располагање е дополнителната лизгачка врата од страна на возачот.
Управувачот може да се постави по висина и длабочина и со тоа секогаш се наоѓа во оптимална положба за возачот.
Вториот ред во патничкиот простор изработен е како клупа со три седишта која може да се преклопи и завитка, со што ви се нуди поголем багажен простор.
Квалитетен внатрешен тапацир
Возачката кабина и патничкиот простор на моделот Caravelle Trendline опремен е со квалитетен тапацир од пластични делови за таванот и страничните ѕидови. Поклопецот, т.е. крилната врата се прекриени со плочи од цврсти влакна.
Caravelle Trendline сериски располага со пет седишта во патничкиот простор. Во првиот ред се наоѓа клупа со две седишта. Во вториот ред се наоѓа клупа со три седишта која може да се преклопи.
Комплетен сигурносен пакет
Caravelle Trendline нуди целосен сигурносен пакет со
- систем против блокирање на тркалата (ABS),
- електронска распределба на силата на кочење (EBV),
- електронска блокада на диференцијалот (EDS),
- електронска контрола на стабилноста (ESP),
- регулирање на пролизгувањето на погонските тркала (ASR),
- регулирање на моментот на кочење на моторот (MSR) - MSR не е можен во комбинација со 4MOTION
- располага со воздушно перниче со зафатнина на воздухот од 64 l, како и со воздушното перниче за совозачот.

