Истакнуваме од сериската опрема.
Надворешна опрема.
Caravelle Trendline сериски е опремена со поклопец на багажникот вклучувајќи и стакло. Тоа е опремено со греење и бришач.
Страничната лизгачка врата на страната на совозачот се сериски дел од опремата. Како опција на располагање е дополнителната лизгачка врата од страна на возачот.
Задното ветробранско стакло на поклопецот на багажникот и на крилните врати сериски е опремено со греење и уредот за перење и бришење на стаклото.
Кај моделот Caravelle лизгачкото стакло на страната на возачот е дел од сериската опрема.
Надворешните ретровизори можат постојано да се поставуваат со помош на заедничкиот прекинувач.
Внатрешната опрема на кабината на возачот.
Управувачот може да се постави по висина и длабочина и со тоа секогаш се наоѓа во оптимална положба за возачот.
Сите модели се со клупа за совозачот со две седишта, која по можност може да се преклопи.
Мрежа за сместување на ситниците од страната на совозачот
Под преградата за ракавици во кабината на возачот се наоѓа мрежа за сместување на ситници во која можат на пр. да се остават весници.
Лесно пристапната преграда за сместување на ситниците директно е интегрирана во таванот на возачката кабина.
Преграда за сместување на ситници во арматурната плоча
На средината на арматурната плоча се наоѓа поделена преграда за мобилен телефон и штипалка за нотес.
Внатрешна опрема на патничкиот простор.
Вториот ред во патничкиот простор изработен е како клупа со три седишта која може да се преклопи и завитка, со што ви се нуди поголем багажен простор.
За елегантен амбиент тука е квалитетниот тепих (опција кај Trendline) во возачката кабина и патничкиот простор.
Возачката кабина и патничкиот простор на моделот Trendline опремен е со квалитетен тапацир од пластични делови за таванот и страничните ѕидови. Поклопецот, т.е. крилната врата се прекриени со плочи од цврсти влакна.
Моделот Comfortline е опремен со квалитетен тапацир на таванот, страните и поклопецот на багажникот од обликувани пластични елементи. На таванот на кровот вградени се канали за ветилација со отвори и интегрирани светла за читање и елементи за ракување со клима уред.
Сигурносна опрема.
Комплетен сигурносен пакет
Caravelle Comfortline нуди целосен сигурносен пакет со
- систем против блокирање на тркалата (ABS),
- електронска распределба на силата на кочење (EBV),
- електронска блокада на диференцијалот (EDS),
- електронска контрола на стабилноста (ESP),
- регулирање на пролизгувањето на погонските тркала (ASR),
- регулирање на моментот на кочење на моторот (MSR) - MSR не е можен во комбинација со 4MOTION
Воздушно перниче за возачот
Caravelle располага со воздушно перниче (сериска опрема) со зафатнина на воздухот од 64 l. Воздушното перниче за совозачот кај Caravelle е сериска опрема.
На надворешните седишта на патничкиот простор сигурносните појаси дополнително можат да се наместат по висина, а опремени се о со затегнувачи за појасите. На тој начин можно е прилагодување кон различната конституција на патниците.
Елементот за ракување со централното заклучување преку далечински управувач интегриран е во контактот на клучот на возилото. (сериска опрема за Comfortline)
Функционална опрема.
Рачниот клима уред во возачката кабина обезбедува пријатна температура. По избор можно е да се нарача дополнителен клима уред за патничкиот простор. (сериска опрема за Comfortline)
Прекинувачи за ракување на електричните подигнувачи на стаклото (опција за Trendline) кои се интегрирани во вратата на возачот и совозачот.
Светилката автоматски се вклучува при отворање на поклопецот на багажникот.

