Избор од дополнителната опрема.
Надворешна опрема.
За Caravelle наместо поклопец за багажниот простор по желба на располагање ви се крилни врати. Кај варијантата Комбе со долго меѓуоскино растојание задната крилна врата имаат агол на отворање од 250 степени и можат странично да се прицврстат.
Внатрешна опрема на кабината на возачот.
Комфорното седиште за возачот со рбетно подршка кое се поставува според должина и висина, по желба може да се нарача и со два постојани потпирачи за рацете. Внимание: кај нарачката на комфорното седиште за совозачот не е можно опремување на клупата за совозачот со двојно седиште.
Внатрешна опрема на патничкиот простор.
Со опционалниот комфор пакет, вклучувајќи и пакет на кожна опрема, Caravelle Comfortline се претставува елегантно и пријатно. Тоа вклучува и квалитетни навлаки за седиштата „Duo“, по избор во црвена, зелена, сина или антрацит, преслечени се управувачот, главата на рачката на менувачот/манжетната, рачката на рачната кочница, како и практичните џепови на заднината на потпирачот на предните седишта. Во рамките на пакетот припаѓаат и отворите за вентилација на Б-столбот и рачките за придржување на А-столбот.
Сигурносна опрема.
Доколку Caravelle е опремен со воздушно перниче за совозачот, тогаш за возачката кабина на располагање се како опција две воздушни перничиња за главата и двве странични воздушни перничиња. Доколку одберете клупа со две седишта за совозачот или висок кров со високи лизгачки врати, оваа опција отпаѓа.
Функционална опрема.
Моделот Caravelle може по желба да биде опремен со еден од трите радио уреди кои ви стојат на располагање. Сите три се разликуваат со исклучителен квалитет на звукот и приемот.
Радио навигациски систем со монохроматски екран ви нуди динамичко наведување до целта и управување со CD шаржерот.
Радио навигацискиот систем со екран во боја дополнително ви овозможува прикажување на мапата на дадената маршрута. Преку системот можно е и управување со CD-шаржерот.
За сите седишта на возачката кабина на располагање ви е греење на седиштето. Тоа може одвоено да се регулира за возачкото и совозачкото седиште, т.е. клупа со двојно седиште за совозачот.
Греењето на возачката кабина при мирување може да се користи за загревање или вентилација на возачката кабина и за време на возењето. По желба, на располагање ви стои и далечински управувач. Мошне е практично за брзо одмрзнување на ветробранското и страничните стакла во возачката кабина.
Комфорно за возачот и патниците: електричниот механизам за отворање на лизгачките врати во патничкиот простор.
Почнувајќи од 30 km/h можно е да се меморира посакуваната брзина. Темпоматот не смее да се користи при неповолни сообраќајни услови и лоши врменски услови и состојба на патот (лизгав коловоз, влажен пат и сл.).
Како опција на располагање ви е припрема за мобилен (мобилниот не е дел од испораката) со интегриран hands-free систем. Држачот за мобилен телефон поставен е десно од управувачот, а hands free системот е во кровната конзола горе лево.
Иновативниот 6-степен менувач tiptronic по желба може да се испорача за TDI моторите со зафатнина од 2,5 l додека за бензинските V6 со зафатнина од 3,2 l дел од сериската опрема.
Ролетните за заштита од сонце поставени се на четирите странични стакла од патничкиот простор. Тие го намауваат греењето на внатрешниот простор при силно сончево зрачење и користат како заштита од заслепување.
4MOTION
Осмислениот погон на сите четири тркала
4MOTION на располагање е за 5-цилиндрични TDI мотори и зафатнина од
2,5l и за V6 бензинскиот мотор со зафатнина од 3,2 l. Нивната моќ ја
регулира 6-степен рачен менувач. По желба можна е и нарачка на рачна
блоката на диференцијалот.
Кука за влеча
За возила со 1,9 l TDI мотор оптеретувањето на куката е 2,2 t, за 2,0 l бензински мотор макс. 2,0 t, за 2,5 l TDI или V6 3,2 l бензински мотор е макс. 2,5 t. Па желба може да се нарача и демонтажна кука.
Возилата со ESP располагаат со дополнителна стабилизација на приколката.
Уредот функционира при уклучено кратко и долго светло. Во спој е со уредот за перење на ветробранското стакло, така што при секое перење се вклучува и перењето на стаклата на фаровите.

