Неколку причини зошто е задоволство да бидеш возач, а не совозач.
Какво ли е чувството да се вози толкава количина на флексибилност? Многу едноставно: како да возите лимузина.
Подвижен во кривините, брз во левата лента: едноставното ракување ви дава доживување во возењето како да сте во патнички автомобил. Поради акустично одвоениот долен построј бучавата не ни допира во внатрешноста. Исто така кокпитот е оптимално прилагоден на потребите на возачот. Ергономското седиште е извонредно тапацирано.
Командната табла е јасно конструирана и во секој момент ви нуди најдобра прегледност на инструментите. Опциониот DVD радио-навигациски систем со екран во боја е опремен покрај останатото и со динамичко наведување до дестинацијата.

