Во Multivan секој ден е Ваш ден.
Секој ден е поинаков. Поради тоа Multivan е автомобил како ниеден друг.
Со својата извонредна понуда на простор и огромната варијабилност најдобро сте подготвени за секој Ваш потфат. При тоа Multivan не изненадува само со својата спремност на промени. И неговата динамика во возењето ќе ги надмине Вашите очекувања во поглед на на лимузина со голем простор. Ќе видите: Mulivan е совршен за живот кој е постојано во движење.
За мали, големи и необични моменти.
Бидејќи најдобрите моменти ги поминуваме заедно, на Вас и на Вашата придружба на располагање ни се до седум удобни седишта. Дури и за работите, кои Ви се важни, секогаш имате доволно простор: благодарение на големиот багажник и низа на практични места за чување. Така сите уживате во удобното возење - исто како и во убава пауза од возење. На пример, на маса со оладени пијалоци од опционата кутија за ладење односно изолација. Во Multivan слободата представува можност навистина од ништо да не се откажете.

