Multivan има место за полно работи. И за многу сигурност.
Сеедно каде се возите и кого ќе поведете со себе: максимална сигурност во Multivan е Ваш постојан сопатник.
Серискиот сигурносен пакет опфаќа електронски системи за регулација ABS, EBV, EDS, ASR и MSR (MSR не е во комбинација со 4MOTION). Тие автоматски го поддржуваат возачот во критични ситуации во возењето, и во делот на секундата насочено ја превземаат контролата над кочниците и моторот. ESP, вклучувајќи ја и помошта при кочењето, истотака е во сериската опрема на возилото. Во кабината на возачот, предните, страничните и воздушните перничиња за главата даваат доплнителна сигурност.
Бидејќи најмладите особено имаат потреба од најголема сигурност, на сите поединечни седишта во патничката кабина и на надворешните седишта на 3-кратната клупа се наоѓаат ISOFIX зацврстувачи за детско седиште. Освен тоа за патничката кабина може да се нарачаат, во комбинација со поединечно седиште, до 4 интегрирани детски седишта (опционо) Со тоо во Multivan и малецките се многу заштитени.

