Multivan Comfortline.
Каков план имате денес?
Со Multivan Comfortline на патот на Вашата желба за потфати не пречи ништо. Сакате полно да се движите или сакате полно да бидете на патувања, ова возило Во нуди доволно простор за исполнување на секој Ваш план. Она што Ви е потребно, Multivan веќе го поседува: исклучително е променлив и брзо може да се прилагоди кон секоја ситуација. При тоа во возењето е многу агилен и флексибилен како лично возило - и со тоа едноставно Ве повикува да бидете спонтани.
Најдобрите впечатоци се собираат по пат.
Во Multivan Comfortline веќе од влегувањето започнуваат Вашите експедиции. А целта е одмор на секое возење. Како и кај секој модел воланот се подесува по висина и должина. Удобните седишта во ергономската кабина на возачот може да се подесат по висина и опремени се со наслони за раце како и со лумбална потпора. По желба, можете да нарачате и седишта со можност за вртење.
Полно комфор се наоѓа во патничката кабина: тројната клупа и поединечните седишта можат да се позиционираат по потреба со помош на систем на шини. На столот на страничниот ѕид мирно можете да разговарате за Вашите патувања. По желба, може да нарачате и втора лизгачка врата, како и повеќенаменска маса наместо маса на преклопувања на страничниот ѕид. Повеќенаменската маса може да се поместува по две шини на подот. Во секој случај., тепихот на подот, обложениот плафон, на барање достапен Climatronic, како и кожната опрема, секој престој го прават пријатен - без ралика колку трае.

