Опремен за необично. Мultivan Highline.
Multivan Highline ја спојува варијабилноста со комфорот на највисоко ниво.
Оваа голема лимузина Ве прати самоуверено во секоја прилика. Надворешниот впечаток при тоа е крајно дискретен и елегантен. Во внатрешноста на просторот на возилото квалитетните материјали се грижат за пријатен амбиент како и хармонична култура на возење. Таму и најмалите детали ги исполнуваат најголемите очекувања. Навистина совршенството не познава компромиси.
Овде можете полно да промените. И се останува совршено
Multivan Highline своите внатрешни вредности ги открива со притисок на далечински управувач: во тој момент двете електрични странични врати лесно клизнуваат во страна. Зад нив Ве очекуваат украсни летвички од вистинско дрво или алуминиум, како и фино обработена Alcantara/кожна опрема. Околу повеќенаменската маса можете да водите разговори или да уживате во Вашата книга - плафонските светла во обложениот плафон даваат пријатно светло за читање. Затемнетите стакла на прозорот притоа Ве штитат од љубопитните погледи.
Хромираните заслони во плочата со инструменти даваат благороден акцент во кабината на возачот. Со опциониот повеќенаменски волан можете да управувате со достапниот на барање систем за навигација. Ако ја нарачате припремата за мобилен телефон, и со него ќе можете да управувате преку воланот.

