Издвоена сериска опрема.
Надворешна опрема.
Предни фарови
Халогенски главни светла со проѕирно стакло и оптика на одвоени рефлектори. По желба, можно е да се интегрира уред за перење на главните светла.
Стаклата со зелено затемнување го смалуваат загревањето на на внатрешниот простор како последица од сонцето. Термоизолационото стакло во возачката кабина е сериско за сите модели. Кај Multivan Comfortline термоизолационото стакло е сериско за патничкиот простор.
Внатрешна опрема.
Управувачот е вграден во вратата. Со негова помош се ракува со ретровизорите, електричните подигнувачи на стаклата, како и централното заклучување.
Во таванот се интегрирани канали за вентилација со отвори и интегрирани светла за читање и елементи за ракување со клима уред.
Една преграда за сместување со поклопец се наоѓа на средината на командната табла, другата се наоѓа под неа. Во неа има место за едно шише.
Фиока за ракавици, можност за ладење
Фиоката за ракавици на совозачката страна која може да се заклучи и да лади, нуди доволно простор за сите ситници потребни за патувањето.
Патничкиот простор е опремен со опфатен систем на прегради за сместување на ситниците. Се состои од држачи за чаши, прегради за ситници и фиока во единечните седишта.
Практична маса на расклопување интегриран е в олевио дел на моделот Multivan и по потреба може да се расклопи. За време на возењето масата мора да биде расклопена. (сериски за Comfortline)
Сигурносна опрема.
ISOFIX-систем за детски седишта
ISOFIX - системот за детски седишта се наоѓа на поединечните седишта во патничкиот простор како и на надворешните седишта од 3-кратната клупа. Така седиштата се цврсто поврзани за структурата на возилото.
Четири прстени за завцрстување на теретот се наоѓаат во патничкиот простор, а два се наоѓаат во багажникот.
Функционална опрема.
Роло против сонце
Интегрираните ролоа против сонце се сместени на страничните прозори на патничкиот простор. Тие го намалуваат зрачењето на внатрешниот простор и служат како заштита против блескање.
12 V приклучок
Една осветлен 12-V приклучок се наоѓа во просторот на возачот, една во багажникот, а кај моделите Multivan Comfortline и Highline уште една во патничкиот простор.
Со греење, електронско поставување, и по желба со електронско преклопување. Ретровизорот на возачот и совозачот се разликуваат по големина и форма. Конвексните форми на огледалото обезбедуваат добра прегледност.

