Издвоена дополнителна опрема.
Надворешна опрема.
Стакло за приватност – прозори со темна нијанса –штитат од љубопитни погледи. (сериска опрема за Highline)
Внатрешна опрема.
Страние се преслечени со врвна кожа во склад со седиштата. Украсните додатоци од алуминиум даваат ексклузивен изглед. (сериска опрема за Highline)
Тројна клупа, средишен наслон за раце кој се извлекува, кожа
Кај кожната Alcantara или кожната опрема, тројната клупа е опремена со средишен наслон за раце кој се извлекува.
Повеќенаменска маса
Повеќенаменската маса е флексибилна и можно е да се поместува по должина. Дополнително е опремена со интегрирани фиоки за чување, држачи за чаши и пепелници. (сериска опрема за Highline)
„Пакет Добра ноќ“
Овој пакет се состои од завеси за затемнување, прекривка за тројната клупа и Multiflexboard-от. Multiflexboard ја проширува површината за лежење и со поделба на багажникот создава дополнителна површина за оставање на работи. При нарачување на овој пакет не постои можност за нарачување на покривка за багажникот.
Кутија за ладење/изолирање
Опционата кутија за ладење/изолирање електрично се управува и наменета е за ладење и греење. Капацитетот изнесува 32л. Можно е да се чуваат шишиња од 1,5л (легнати) и шишиња од 1,0 л (исправени)
Сигурносна опрема.
Интегрирано детско седиште
По желба Multivan може да се опреми и со највеќе 4 интегрирани седишта за деца во патничката кабина (само во комбинација со поединечни седишта). Тие служат како обични седишта, како и за обезбедување на деца меѓу 9 месеци и 12 години. Седиштата се опремени со интегрирани перници за седење и посебен систем на појаси за 5 точки за оптимална потпора.
Мрежата за раздвојување на багажот може да за зацврсти на точките за зацврстување на Б-столбот или пред Д-столбот.
Функционална опрема.
Со помош на микрофони во плафонот во кабините на возачот и патниците, се олеснува нивниот меѓусебен разговор. При тоа се користи Sound систем за пренос на говор "Digital Voice Enhancement" достапен во комбинација со радио Delta вклучувајќи и Sound систем или DVD радио-навигациски систем вклучувајќи и Sound систем.
Radio Delta
Radio Delta е RDS-радио со интегриран CD-плеер, со звук кој индивидуално може да се подесува и монохромен екран. Опционо со CD-менувачот и Sound системот може да се ракува преку радиото.
Систем за навигација
DVD- радио-навигацискиот систем со заслон во боја, меѓу другото нуди динамичко водење на маршрута, прилагодување на јачината на звукот во зависност од брзината, TIM (Trafic Information Memory). Системот е опремен со AUX-IN влез, кој овозможува приклучување на надворешни аудио уреди како на пример MP3-плеери. Навигацискиот DVD содржи карти за полно европски држави.
Sound систем
Sound системот нуди дополнителен засилувач и Subwoofer позади лево во страничната облога. Достапен е во комбинација со радио Delta ili DVD-радио-навигацискиот систем.
Припрема за мобилен телефон
Опционо е достапна припрема за мобилен телефон со интегрирани опции за телефонирање без телефонска слушалка.
Уред за регулирање на брзината
Од ca. 30 km/h можно е да се зачува саканата брзина. Уредот за регулација на брзината не смее да се користи при густ сообраќај и лоши услови на патот.
Автоматски менувач
Автоматскиот менувач на контролната плоча допринесува за удобна положба за време на возењето. 6-брзинскиот автоматски менувач со Tiptronicom се нуди со 2,5 TDI моторите со 96 kW/131 КС и 128 kW/174 КС iкако и кај 3,2 V6 бензискиот мотор со 173 kW/235 КС. Автоматскиот менувач не е достапен за 4MOTION-погонот.
Внатрешното огледало со помош на фото ќелија препознава прејако светло на предни фарови и самостојно се затемнува ( сериска опрема за Highline)
„Climatronic“
Електронскиот клима уред со три зони со погон на остатокот на топлината опремен е со два екрани за управување и во патничката и во кабината на возачот. Со тоа постои можност за подесување на индивидулна температура за возачот, совозачот и за патниците (сериска опрема за Hiighline)
Со лизгачкиот/ подвижен кров од стакло со интегрирана заштита од сонце во кабината на возачот се управува електрично.
Носач за велосипеди во внатрешноста
Модуларниот носач за 2. 3 или 4 велосипеди поставен е на шините во багажникот.
Ултразвучните сензори интегрирани во предниот и задниот браник со помош на акустични сигнали го олеснуваат паркирањето. (сериска опрема за Highline)
Кука за приколица со можност за вадење
Моделите со 1,9 l TDI мотор имаат максимално оптоварување на приколицата од 2,2 t. Моделите со 2,0 l бенсиски мотор преку макс, 2,0 t. Моделите со 2,5 l TDI- или V6 бенсиски мотор преку макс 2,5 t. Возилата со ESP дополнително се опремени со стабилизација на шасијата.

