Многу простор и исклучителна разновиднoст – внатрешноста на Новото Caddy.
Новото Caddy - индивидуално како Вас и Вашето семејство
Планирате викенд патување со целото семејство? Новото Caddy има пет удобни седишта и многу простор за вашиот багаж. Или сакате да ги носите вашите деца до најблиското езеро и да возите велосипед? Тоа не е проблем со Caddy. Едноставно извадете ги седиштата во патничкиот простор и ќе добиете простор и за велосипеди. Или преклопете ги седиштата - сите заедно, или една третина или две третини. Седиштата, исто така може да се преклопат по втор пат - т.н. превртат - постојат безброј начини за приспособување на внатрешноста на вашите потреби. И ако пет места не се доволно за вас, постои решение за тоа. Новото Caddy е опционално достапно со седум седишта. Или може да се одлучите за Caddy Maxi: има седум седишта во стандард, но може да се пофали со уште поголем внатрешен простор.
Вашите пријатели се добредојдени - има место за сите во Caddy Maxi
Caddy Maxi е полн со изненадувања. Тој е неверојатно голем, нудејќи простор за седум лица како и за многу багаж. Тој е исклучително разновиден поради тоа што првиот и вториот ред на седишта во патничкиот простор сега можат исто така лесно да се отстранат. Конечно задржани се маневарските способности и агилноста, и покрај тоа што е 47 см подолго во споредба со Caddy.


