Надворешна опрема
Не е важно кaкo планирате да го поминете денот, новото Caddy со своето лице карактеристично за Volkswagen семејството и воочливите фарови, јасно кажува дека тоа е дел од вашето среќно семејство. Ако сакате да додадете уште повеќе карактер на новото Caddy, имате голем избор на дополнителна опрема.
Задни дупли крилни врати
Задни дупли крилни врати со прозор се поделени во однос 2/3 - 1/3 и лесно се задржуваат во позиција кога се отвараат.
Достапно за: S | T | C
Кука, демонтажна со заклучување.
Во зависност од моделот, оптоварувањето на приколка се движи од 1.035кг до 1.500кг. Доколку приколката почне да се ниша, се става под контрола со стабилизација на приколка која е дел од ESP.
Достапно за: S | T | C
Кука, фиксна.
Како и демонтажната кука, може да влече приколката со оптоварување од 1.035кг до максимум 1.500кг, и исто така може да се контролира со стабилизација на приколка.
Достапно за : S | T | C
Електричен сончев покрив.
Тој е поставен во кровот над патничкиот простор и има електрична контрола и штитник за сонце. Електричната контрола е вградена во кровот. Дополнителна контрола во кабината е достапна како опција.
Достапно за: S | T | C
Затемнети прозорци.
Страничните и задните прозорци во патничкиот простор имаат затемнети стакла за да ги скријат внатрешните работи од љубопитните погледи од надвор и за да заштитат од штетното сончево зрачење.
Достапно за: T | C
Кровни шини.
Тие се идеална основа за додатоци за кров, како што се кутија за товар или носечки шини.
Достапно за: S | T | C
Лизгачки прозорец.
Лизгачкиот прозорец, кој лесно се отвара и затвара, е достапнен за лизгачката врата на страната на возачот и на страната на совозачот.
Достапно за: S | T | C
Браници во боја.
Браниците во боја му даваат на Caddy елегантен, маркантен изглед.
Достапно за: S | T | C
Заштита на подвозјето.
Робусната заштита на подвозјето нуди високо ниво на заштита за моторот и менувачот, дури и во екстремни ситуации.
Достапно за: S | T | C
Тркала
Пространа и удобна внатрешност, спортска надворештност. Или сакате елегантен изглед? Изберете го дизајнот кој најдобро одговара на вашиот вкус од редот на големина на различни алуминиумски бандажи, и овозможете му вашето Caddy непогрешлив изглед.
Четири 6 J x 15 “Kemora” ауминиумски бандажи.
Со 195/65 R15 гуми.
Достапно за: S | T | C
Не се достапни за Caddy Maxi Startline со 7-седишта, Caddy Maxi Trendline и Comfortline, Caddy Maxi или со 103 kW 2.0 l TDI мотор.
Четири 6 J x 16 “Siracusa” ауминиумски бандажи.
Со 205/55 R16 гуми. Стандардни за Caddy Maxi Comfortline. Достапни опционално за Caddy Maxi Startline со 7-седишта.
Достапно за: T | C


