Внатрешна опрема
Високо квалитетниот изглед на внатрешноста го надополнува надворешниот впечаток со бои на навлаки на седиштата кои одговараат на боите на тапацирот на внатрешноста. Издржливите материјали се внимателно избрани за внатрешноста, така што вие и вашето семејство се чувствувате како дома, дури и кога сте далеку.
Фиока со заклучување.
Оваа фиока може како опција да се нарача со капак со заклучување за да можат ситниците да се чуваат на безбедно. Во комбинација со клима уред, фиоката, исто така, може да се лади.
Достапно за : S | T | C
Мал кожен пакет.
Карактеристично елегантно чувство: воланот, дршката на менувачот и дршката на рачната кочница сите се обложени со кожа.
Достапно за: T | C
Торби за складирање.
Овие обезбедуваат простор за предметите потребни за време на патувањето. Тие можат да бидат поставени во багажниот простор и ако е потребно може да се отстранат. Caddy има две торби за складирање, а Caddy Maxi има четири.
Достапно за: S | T | C
Прегради за складирање во патничкиот простор.
Две прегради во просторот под нозете пред првиот ред седишта го комплетираат добро обмислениот концепт за складирање во патничкиот простор. Овие можат, на пример да се користат за сместување на мапите или на опционалната демонтажна кука. Капакот на багажниот простор, кој е стандарден во Trendline, може да се користи како дополнителен простор за складирање.
Достапно за: S | T | C
Централна конзола.
Конзолата има простор за складирање со капак и два држачи за чаши на предната страна, и еден држач за чаша, две вентилатори и 12 V приклучок на задната страна. Caddy Comfortline исто така има потпирач за раце кој може да се прилагодува по висина и должина.
Достапно за: S| T | C
Променлив патнички простор.
Caddy со краткo меѓуоскино растојание, има багажeн простор од 750 литри. Ова може да се прошири до 2.852 литри со превртување на првиот ред на седишта во патничкиот простор, и до 3.030 литри со отстранување на првиот ред на седишта. Caddy Maxi со два реда на седишта во патничката кабина има багажен простор од 530 литри. Ова може да се прошири до 1.350 литри со отстранување на вториот ред на седишта, или до 3.880 литри со отстранување на првиот ред.
Првиот ред на седишта во патничката кабина со можност за превртување и отстранување.
Кога седиштето се преклопува долу тоа може повторно да се преклопи напред. Затоа волуменот на багажниот простор лесно може да се зголеми со превртување на седиштата. Ако е потребно, редот седишта може да се отстрани целосно. Дополнителен простор за складирање може да се создаде со неколку едноставни операции.
остапно за: S | T | C
Прилагодување на височината на возачкото седиште.
Висината на седиштето на возачот може да се подеси со помош на лост.
Достапно за: S | T | C
Површина за утовар со издолжување.
Ова може да биде издолжена во две фази и го олеснува утоварот и истоварот на багажот и на тешки товари. Кога се издолжува, надворешниот дел има максимална носивост од 80 кг.
Достапно за: S | T | C
Држачи за ISOFIX седишта за деца.
Седиштата за деца може да бидат цврсто прицврстени на структурата на возилото користејќи ги држачите за ISOFIX седишта за деца. Тие се сместени под патентот на надворешните седишта на триседната клупа.
Достапно за: S | T |C


