Погонот на сите тркала ве носи безбедно до вашата дестинација.
На големите и малите истражувачи Caddy 4MOTION и Caddy Maxi 4MOTION им дава идеална подршка. Двата модели се опремени со постојан погон на сите тркала за подобра тракција и подобро придвижување - на пример при дожд и при тешки услови на патот. Haldex спојката го дистрибуира вртежниот момент на оските во согласност со условите на површината на патот за да се обезбеди подобра влечна сила и оптимална управливост. Погонот 4MOTION нуди високо ниво на активна безбедност и стабилност - дури и при ветрови кои дуваат во попречен правец. Погонот на сите тркала овозможува повисоки брзини при движење во кривина и има позитивен ефект при забрзувањето на возилото.
Единствен во својот сегмент на возила
Фактот дека новото Caddy и новото Caddy Maxi се достапни со 4MOTION погон на сите тркала ги одвојува од своите конкуренти. Ниедно друго возило во оваа класа не може да го понуди овој вид на погон. Caddy и Caddy Maxi кои се опремени со 4MOTION погон, 2.0 литарскиот 81 kW TDI мотор, со common rail технологија, со 6-степен мануелен менувач, и со стандардна помош при нагорнина која го спречува возилото да се врати назад, ве носат безбедно и брзо до вашата дестинација. Доколку често треба да возите по патишта со дупки или треба да се паркирате на градилишта со нерамнини, моторот на Caddy 4MOTION може да бидат опремен со опционална заштита на подвозјето.


