Препорачливо за ефикасно искористување на горивото.
Caddy со BlueMotion технологија е олицетворение на иновативниот пристап на "Volkswagen". Пакетот на мерки кој се состои од 1,6 l TDI мотор со 55 kw (75 кс) или 75 kW (102 КС), start/stop систем, регенеративно кочење, темпомат и аеродинамичната оптимизација ја намалува потрошувачката на гориво во просек од 5,1 литри на 100 km - без на било кој начин да ја намали на удобноста. Start/stop системот на моторот игра голема улога за штедење на горивото кој автоматски го исклучува моторот доколку возилото останува неподвижно подолго од три секунди, и доколку се стави во неутрална брзина, на пример на црвено светло на семафор. Кога кумплунгот ќе се притисне, моторот стартува повторно. Од 30 km/h па нагоре темпоматот ја задржува вашата избрана брзина на константно ниво - што ќе ви овозможи да ја тргнете вашата нога од педалот за гас.
Со регенеративното кочење нема залудно да се троши енергија.
Регенеративното кочење гарантира ефикасно искористување на енергијата. Тоа функционира на следниот начин: ако возачот ја трга неговата нога од педалот за гас или притисне на кочница, напонот на алтернаторот се појачува и се користи за полнење на акумулаторот на автомобилот. При забрзување или возење со постојана брзина, акумулаторот - секогаш оптимално наполнет - му овозможува на напонот на алтернатор да се намали, па дури и овозможува алтернатор да се исклучи целосно за да се намали оптоварувањето на моторот и да се подобри економичноста на горивото.


