Секое патување ќе биде краток семеен одмор.
Високо-квалитетни, издржливи материјали и прецизна изработка до последен детал создаваат атмосфера која ќе Ве натера да се чувствувате како дома. Постои високо ниво на комфор при управување: воланот, инструмент таблата и контролите се атрактивни и јасно изложени. Последно, но не и најмалку важно, нивото на бучава во внатрешноста сега е многу помала.
Патување без стрес
Комфорни седишта со тапацир во боја, која одговара на внатрешноста ве очекуваат во новото Caddy. Новите тивки мотори и подобрената внатрешна акустика обезбедуваат релаксирачко патување - ништо чудно што децата заспиват многу брзо во своите детски седишта. Ова е патување без стрес.
Лесен пристап кога влегувате и излегувате
Седиштата за деца во новото Caddy се поставуват брзо и лесно. Тие се поврзани со структурата на возилото преку стандардните ISOFIX држачи. Држачите се наоѓаат на надворешните седишта на првиот ред во патничкиот простор. 70 cm широките лизгачки врати на страната на возачот и на совозачот се покажаа исклучително корисни кога станува збор за поставување или вадење на детските седишта, багаж или други обемни предмети. Тие нормално дека овозможуваат полесно влегување и излегување од возилото.
Постои простор за сè. Дури и за меки играчки
Децата секогаш сакаат да земат многу работи со нив. И родителите мораат да земат многу со нив, како за нив така и за своите деца. Новото Caddy е целосно подготвено за тоа со своите бројни опции за складирање. Постои простор за меките играчки и други работи во фиоките под возачкото и совозачкото седиште, на пример. Или во мрежите за ситници во рамката на покривот и во преградата во кровната галерија. И се разбира во просторот за складирање на вратите.


