Новото Caddy Comfortline
Caddy Comfortline го оправдува своето име. Надворешноста се одликува со импресивни хромирани лајсни на решетката за воздух и хромирани рамки на светлата за магла, алуминиумски бандажи, браници во боја на возилото, црни кровни шини и затемнети задни прозорци. Затемнети прозори обезбедуваат заштита од сончевото зрачење, како и од љубопитните погледи. Дршката на менувачот, рачната сопирачка и воланот, обложени со кожа – се примери за високо-квалитетни материјали и изработка.
Клима уред и пакет “Светло и прегледно“ како стандардна опрема
Дополнително, вие ќе уживате во секој километар на Вашето патување со "RCD 310" радио системот со шест звучници и "Climatic" клима уред. Како стандардна опрема е и мултифункционалниот дисплеј и темпоматот. Исто така пакетот “Светло и прегледно“ доаѓа како стандардна опрема: внатрешниот ретровизор автоматски се затемнува доколку светлата на возилото зад вас се премногу силни. Светлосен сензор автоматски ги вклучува фаровите кога ќе се стемни. Исто така ги активира бришачите на ветробранското стакло кога почнува да врне и ја регулира брзината на бришачите соодветно.


