Новото Caddy Startline
Одличен влез во светот на Caddy: Startline нуди многу простор и флексибилност кое го прават Caddy толку посебен. Електронска стабилизирачка програма ESP и централно заклучување доаѓаат се стандардна опрема. Кога станува збор за изработката, Caddy Startline е вистински "Volkswagen": внатрешностa има издржлива, долготрајна опрема и може да се дополни со многу опционални додатоци.
Исто така на располагање е и со долго меѓуоскино растојание
Caddy Startline е исто така достапен и како Caddy Maxi Startline со уште повеќе простор и со опционалниот втор ред на седишта во патничкиот простор. Без разлика дали е верзијата со кратко или долго меѓуоскино растојание: стандардната опрема вклучува воздушно перниче за возачот и совозачот со функција за деактивирање на воздушното перниче (страничните и перничињата за глава/граден кош се достапни како опција), ISOFIX држачи на надворешните задни седишта на триседната клупа за обезбедување на детските седишта на структурата на возилото, како и два оддела за складирање во просторот под нозете пред првиот ред седишта. Алките за обезбедување на предметите во товарниот простор, исто така, доаѓаат како стандардна опрема - постојат четири алки во Caddy Startline и шест во Caddy Maxi Startline.


