Новото Caddy Trendline
Малите промени може да направат голема разлика: рачките на вратите и куќиштата на ретровизорите во боја на возилото, држачите за светло за регистарски таблички му даваат висока оценка за надворешниот изглед на Caddy Trendline, која е подобрена со практичните светла за магла, кои доаѓаат како стандардна опрема. Просторот за патници е целосно тапациран и е опремен со многу корисни функции - како мрежи за ситници во рамката на покривот, фиока со заклучување во инструмент таблата и фиока под возачкото седиште. Централната конзола располага со простор за складирање со капак, два држачи за чаши во предниот и еден држач за чаша, решетка за вентилација и еден 12V приклучок во задниот дел.
"RCD 210" радио и шест звучници како стандардна опрема
Исклучително практично и удобно во секој поглед: седиштето на возачот е прилагодливо по височина. Така можете да ја слушате вашата омилена музика во идеална позиција за седење и во пријатна атмосфера: "RCD 210" радио системот со шест звучници е стандардна опрема за Caddy Trendline. И не само таму туку и во Caddy Maxi Trendline: тоа го има истото ниво на опрема како верзијата со кратко меѓуоскино растојание.


