Volkswagen Комерцијални возила го испратија Amarok на пат околу светот за 100 дена
Активистот Јоаким Франц за борба против вирусот ХИВ, ја води експедицијата низ 50 земји со новиот теренец Amarok на Volkswagen Комерцијални возила.
На десет годишнината од светската експедицијата за подигнување на свеста за сида (WAAE), Volkswagen Комерцијални возила уште еднаш дадоа поддршка на екстремниот спортист Јоаким Франц во неговата борба против вирусот ХИВ, при што екипата беше опремена со пет возила Amarok специјални соодветна монтажна и дополнителна опрема специјално наменета за турнејата „Помести го светот".
Харалд Шаумбург, член на управниот одбор за продажба и маркетинг на брендот Volkswagen- Комерцијални возила, гледа големи предности за двете страни во оваа соработка: "Освен општествената одговорност на кој ние ја покажавме нашата посветеност во соработка со Јоаким Франц, во исто време ова е вистински тест за нашите возила, за луѓето и за технологијата, тест со кој ќе ги испитаме нивните можните физички граници.
Партнери сме со Јоаким Франц и неговиот тим а ова партнерство трае веќе десет години, Amarok го има своето деби како превозно средство за оваа експедиција. Amarok е идеален избор за да биде дел од тимот, имајќи ја во предвид амбициозната цел да се поминат над 65.000 километри за 100 дена. Под тешки и сложени услови, Amarok веќе ја докажа својата верност како возило за придружба и поддршка на релито Дакар.
Експедицијата на нивниот пат ќе се соочи со низа на екстремни ситуации, без разлика дали тоа се топлите и прашливи патишта во Африка или ледените патишта што треба да се поминат на Андите, Amarok е направен за да се справи со овие услови, и да стигнете до места каде што со другите возила едноставно не може да се замисли.
Благодарение на својот 4MOTION погон на сите тркала, ABS и електронска програма за стабилизирање, Amarok е најдобро возило за авантуристи, при што нивното патување ќе биде безбедно и конформно. Amarok е опремен со тврд покрив и спална кабина, со што станува вистински дома за овие храбри луѓе кои учествуваат во оваа авантура..

