Амарок - новиот пик-ап од марката Фолксваген комерцијални возила<br/> пристигна во Македонија
Силен, издржлив, робусен и надмоќен, а со револуционерно ниска потрошувачка од само 7.5 литри гориво
Еден од најмоќните теренци во светот, новиот модел од марката Фолксваген комерцијални возила, Амарок пристигна и во Македонија. Во прекрасен амбиент на ботаничката градина Хорти експерт-спроти хотел Александар Палас, присутните гости уживаа и се дружеа со новиот Амарок. Станува збор за пик-ап со најголем товарен простор во својата класа, универзален модел кој може да се користи за работа и за рекреација. Долг 5.25 метри, со импресивни 2,52 м2 багажна површина и простор за 1000 кг товар Амарок е пик-ап кој со својот изглед како само што да излегол од страниците на некој моден каталог.
“Новиот модел на Амарок се карактеризира со огромна моќност, сила и агилност, а поседува и нешто што можеби и не се очекува од еден пикап, а тоа е интелегенцијата! Амарок е направен за да се справи во различни услови и да стигне до места каде што со другите возила едноставно не можат ни да се замислат. Неговите технички карактеристики го прават возило за кое нема граници, вистински избор за сите авантуристи кои сакаат да ги скротат и најдивите предели - бидејки Амарок како и волкот по кој го добил името, се чувствува како дома во дивината, совршено самоуверен и моќен и во најтешките услови за возење” изјави бренд менаџерот на Фолксваген г-динот Дејан Враниќ.
Амарок е првиот 4 погонски пик-ап во својата класа со намалена СО2 емисија и револуционерна економичност, со исклучително ниска потрошувачка од само 7.5 литри гориво. Неговиот ентериер содржи комфорт и луксуз кои што би ги очекувале од еден Фолксваген, почнувајќи од климатскиот воздушен регулатор, потоа преку темпоматот електриката на сите прозори, комфорното централно заклучување, паркинг сензорите, па сè до кожните седишта правејќи го оф-роуд патувањето комфорно како никогаш до сега.
Тој ја користи напреднатата Фолкваген 4 Motion технологија и во зависност од условите во кои се вози, може да се избере конфигурација на сите четири тркала или пак само на две. Благодарение на својот 4MOTION погон, ABS и електронската програма за стабилизирање Амарок е најдобро возило за авантуристи, овозможувајќи максимум удобност и исклучителна крос-кантри мобилност без притоа да се бара посебен напор.
“Денес ве повикувам и вас заедно со Амарок да го слушнете повикот на дивината, да се препуштите на чувството на слобода и авантура, дозволете да ве понесе неговата енергија, да ви отвори недопрени хоризонти. Ве поканувам да погледнете во очите на волкот за да ја видите вашата душа. Се надевам ќе ви се допадне тоа што ке го видите” изјави генералниот директор на Порше Македонија, Г-динот Златко Муцунски.
Амарок е официјално возило за поддршка на организаторот на релито Дакар во 2010 и 2011 година, а истовремено е избран за најдобро интернационално теренско возило во 2011 година од страна на претставниците на 23 земји.
Порше Македонија е генерален импортер за Volkswagen, Volkswagen Комерцијални возила, Audi и Skoda. Како генерален импортер за овие марки на возила, постои од декември 2005 година. Порше Македонија има широко разгранета продажно сервисна мрежа во Република Македонија. Своите продажно – сервисни партнери ги обезбедува со оригинални делови и дополнителна опрема од соодветната марка на возило.

