Новото Caddy BiFuel
- Верзија (LPG) ја намалува емисијата на CO2 за околу 10 проценти.
- Економичниот и популарниот модел со алтернативно гориво се произведува во фабрика.
- Тоа е единствен (LPG) модел кој фабрички се произведува.
Популарниот модел Caddy е достапен со мотор кој користи природен гас. Не само што со употребата на ова алтернативно гориво се намалува емисијата на CO2 за околу десет проценти, со него исто така се намалуваат и трошоците за гориво. Во моментов, за течниот природен гас има даночни олеснувања кои важат до 2018 година и кои изнесуваат околу 80 евро центи. Ова значи дека на Caddy потребни му се само 8,24 € гориво за да помине 100 километри што е силен аргумент за овој модел.
Новото Caddy BiFuel – може лесно да го менува видот на горивото што го употребува - и во двата случаи намалена е потрошувачката на гориво и емисијата на штетни гасови: 1,6-литарскиот четири цилиндричен мотор со моќност од 75 kW / 102 КС има комбинирана потрошувачка на гориво од 10,3 литри природен гас на 100 km . При работа со бензин на Caddy BiFuel потребни му се само 8,0 литри за покривање на исто растојание – што е многу ефикасно. Тоа значи дека Caddy со природен гас емитува десет проценти помалку CO2 во споредба со бензински мотор – со што се намалуваат штетните влијанија врз животната средина. Помошниот резервоар за природен гас од 45 литри поставен е под возилото во специјална футрола која не и наштетува на функционалноста. Заедно со резервоарот од 60 литри возилото има доволно горивото за да покрие растојание од над 940 км. Само на природен гас возилото може да помине околу 460 км. Мрежата на бензински станици со природен гас, има многу добра покриеност низ континентална Европа – а во Германија има околу 6.000 станици кои нудат (LPG) природен гас.
Кога станува збор за резервни делови за системите со природен гас кои се фабрички инсталирани тука има повеќе предности. Направени се повеќе тестирања на издржливоста на возилото и на резервоарот за гориво што е од големо значење за безбедна. Возилото исто така е покриено со целосна гаранција, вклучувајќи ги сите компоненти за природен гас. Нарачките за новото Caddy BiFuel започнуваат наскоро. Секако, BiFuel моторот е достапен и кај моделот Caddy Maxi.

