Caddy Edition 30 – Специјалнa изведба по повод триесеттиот роденден
- Спортски и атрактивен модел конструиран за годишнината на Caddy
- Нова спецификација на врвните моторите, висок вртежен момент и моќност од 125 kW кај TDI
Како претходница на триесет годишнината на успешниот модел Caddy, која ќе биде одбележана догодина, брендот Volkswagen Комерцијални возила претставува нов, возбудлив модел на саемот во Франкфурт. Концептот Caddy Edition 30 според изгледот е многу близок до моделот кој ќе биде произведуван. Овој модел има нагласен црн покрив, полирани алуминиумски фелни, високо опремен ентериер и моќен мотор со голем вртежен момент.
Моделот Caddy за прв пат беше претставен на Европскиот пазар во 1982 година, тогаш како пик-ап варијанта направена врз основа на Golf Mk1. 30 години подоцна, Caddy денес е докажан успешен модел на пазарот на компактни и урбани доставни возила, со продадени 1,5 милиони единици. Независно дали намената е за млади семејства, фирми за испорака или трговци, Caddy постојано го зголемува кругот на обожаватели. Добра причина да се прослави со стил 30 роденден од постоењето на оваа гама, т.е по тој повод да се произведе специјално издание од овој модел-Caddy Edition 30.
Според надворешниот изглед Caddy Edition 30 се разликува од останатите модели по карактеристичниот покрив со обоен во високо сјајна црна боја и блескавите премиум полирани 17 инчни алуминиумски фелни. Фактот дека се работи за специјално издание на овој модел исто така доаѓа до израз преку потписот на лизгачките врати, задниот дел и по лајсните на вратите. Достапни се пет бои на каросеријата и сите одат добро со црниот сјаен покрив. Купувачите можат да одберат: Candy Бела, Reflex Сребрена, Salsa Црвена, Primavera Зелена или Sunny Жолта.
Внатрешноста која може да биде конфигурирана со пет или со седум седишта, има спортски висококвалитетен дизајн, со седишта со Alcantara пресвлеки, мулти функционален управувач, менувач и рачна сопирачка обложени со кожа, полуавтоматски (Climatic) клима уред и затемнети стакла во комбинација со цел да се создаде пријатен амбиент.
Моделот Caddy Edition 30 се нуди со четири различни мотори, со кратко меѓуоскино растојание како автомобил или како фургон за комерцијална употреба, во дизел (TDI) варијанти со моќност од 75 до 125 kW и бензинска (ТSI) варијанта со 77 kW.
Caddy Edition 30 е претставен на саемот во Франкфурт со најмоќниот мотор воопшто вграден во Caddy досега, а тоа е: 125 кW / 170 КS 2.0 TDI со DSG менувач. Компактното повеќенаменско возило постигнува максимална брзина од 196 km/h и има вртежен момент од 350 Nm. Оваа специјална изведба е најдинамично Caddy досега произведено.

