Caddy и Transporter ги освоија наградите КЕР 2011
-
Двојна победа за Volkswagen - Комерцијални возила.
- Најдобри оценки во категориите "Ван за снабдување" и "Ван за снабдување до 3,0 тони".
Хановер / Вајмар, мај 2011: Caddy и Transporter се најпочитуваните ванови за снабдување кои се ангажирани од разни бранши кои се вклучени во транспорт, шпедиција, логистика и курирски служби, за кои потрошувачката за гориво игра главна улога при избор на флота. Во градот на Гете, специјалисти за автомобилски флоти им го доделија на Caddy и Transporter Т5 првото место во соодветните категории.
На плацот Тјуринген за обука по безбедно возење во ADAC во градот Нора до Вајмар, 40 професионалци за брза испорака и поштенски служби (КЕР) во рок од 2 дена детално испитаа вкупно 22 комбиња. По покана на специјализираните списанија "KEP aktuell", "Transporter Magazine" и "trans aktuell" експертите го тестира однесувањето на пат, удобноста, функционалноста и економичноста на возилата. Од вкупно 500 тест возења и над 7 500 поминат километри, Caddy уште еднаш успеа да го придобие жирито на своја страна.
Transporter T5 се одвои пред останатите најмногу поради новата верзија која е опремена со BlueMotion Technology, старт - стоп систем, обновување на енергија преку сопирачките, намален отпор на гумите, како и со специјалните аеродинамични линии на каросеријата, Transporter BlueMotion Technology ги почитува потребите на разни бранши, оние кои се стремат кон одржување на ниска потрошувачка при секојдневната работа. Висококвалитетната изработка и динамиката кај ова возило придонесоа за освојување на првото место.

