Crafter 4MOTION се искачи на највисоките дини: Сурферите го тестираа погонот на четири тркала за време на релито Дакар
Бјорн Данкербек (Björn Dunkerbeck), Клас Вогет (Klaas Voget) и Роби Свифт (Robby Swift) беа на турнеја со Volkswagen Комерцијални возила
Додека учесниците во релито Дакар успејаа да ја завршат првата половина од релито, за време на одморот во Чиле, тројцата сурфери: Клас Вогет (31), Бјорн Данкербек (41), и Роби Свифт (27) направија уникатен подвиг. Се состанаа во Чиле за да го тестираат новото возило во име на Volkswagen Комерцијални возила: Crafter 4MOTION со пренос на 4 тркала од Achleitner. Спортистите го возеа теренското возило во пустината и сурфаа по песочните дини.
Сурферите го избра Чепо Меданосо (Серо Medanoso), областа каде што се наоѓаат највисоките песочни дини во Чиле. Местото се наоѓа на надморска височина од 1.600 метри. Меданосо е на околу 80 километри северо - источно од Копиапо (Copiapo).
По трет пат Volkswagen Комерцијални возила се официјални возила за поддршка на релито Дакар. Оваа година има 30 возила Амарок, 8 Multivan PanAmericana и Crafter 4MOTION со погон на четири тркала од Achleitner сите се на располагање на организациониот тим.
До 15 јануари, учесниците на релито Дакар ќе поминат околу 9.000 километри преку Аргентина, Чиле и Перу. Оваа година стартот беше во аргентинскиот град Мар дел Плата, а целта во Лима. Во изминатите три години во Буенос Аирес беше и стартот и целта на релито, кое се смета за едно од најтешките во светот.
Амарок, Multivan и Crafter 4MOTION со погон на четири тркала од Achleitner повторно беа на тест и во тешки услови навистина се покажаа издржливи, затоа и се возила на организациониот тим, возилата мора да бидат способни да се исправат пред сите предизвици од Атлантикот до Пацификот, преку пустината Атакама, Андите и низ различни климатски зони.

