Volkswagen Комерцијални возила ги собра сите награди во 2011 година
43 први награди од престижните специјализирани списанија за Амарок, Т5, Caddy и Crafter
Амарок шеснаесет пати се искачи на победничкиот подиумот, Т5 тринаесет, Caddy десет и Crafter четири пати: или вкупно моделите на брендот Volkswagen Комерцијални возила освоија 43 први награди во 2011 година кои беа доделени од меѓународните специјализирани списанија.
Одлуките за наградите се носат од страна на жирија од три различни категориии : новинарите на специјализираните списанија, читатели на списанијата и самите клиенти, кои точно знаат што е важно, бидејќи еснафот или доставувачите се оние кои секојдневно управуваат со овие возила.
"Наградите од новинарите и од експертите, многу ни значат"-изјави Харалд Шомбург, член на управниот одбор на Volkswagen Комерцијални возила за продажба и маркетинг". Тие нам ни ја откриваат голата вистина, затоа што нашите возила се предмет на софистицирани тестови од страна на стручното жири, а возилата директно се споредуваат со своите конкуренти. "
Критериумите на кои се базираат одлуките се различни, како што е различно и жирито и самите награди:
Во Австралија, на пример, Амарок неодамна беше почестен со наградата "4x4 UTE на годината". UTE е термин кој се користи од страна на Австралијците и се однесува на одреден вид на пикап. Исто така другите особености беа критериум при избор на австралиското жири за победник во категориите "вредност", "вршење работа" и "издржливост“ . Уште една карактеристика е пресудна за одлуката на жирито, а тоа е " способноста во справување со грмушки". Во Австралија, пикапот треба да биде способен да се справи не само со off-road услови, туку и при возење на шумски терени.
Во Германија Амарок за прв пат го доби најпосакуваниот трофеј од страна на ловџиите, "Goldener Keiler" или „Златна дива свиња".
Списанието "Jäger" го награди Amarok со ловечки "Оскар" врз основа на гласовите на околу 6.000 читатели, професионални ловџии и членови на регионалните ловечките друштва, тие точно знаат за што се пикапот треба да биде способен на шумски терени.
Како новитет меѓу пикапите во 2011 година, Амарок освои вкупно 16 први меѓународни награди. Листата започнува со " Best Buy ", од бразилското списанието "Quatro Rodas", преку "Allrad-Авто des Jahres" ("автомобили на годината со погон на сите тркала ") награда доделена од страна на германското списание "Auto Bild Allrad ", на" Златниот рог "награда од руското списание" Клаксон".
Без разлика дали е избран како "KEP- Транспортер на годината" во Германија, или како"најдобро комерцијално возило "од страна на познатото турско списанието "Otohaber", или како "Bestes Familienauto" ("најдобар семеен автомобил ") од страна на германската публикација" AutoStraßenverkehr ", или како "Најдобар Ван" во Русија: моделот Т5 со неговите варијанти Транспортер, Caravelle или Multivan победи вкупно 13 пати во 2011 година.
Тука вредна е да се спомене и одлуката на жирито, моделот Volkswagen Caravelle беше избран за "Такси на годината 2011" од страна на експертите т.е стручното жири составено од искусни такси возачи кои детално оценува 23 возила од различни производители во градот Фулда, Хесе. Нивната конечна одлука не беше заснована само на впечатоците од возењето и функционалноста, туку и на изгледот на возилата и економската ефикасност.
Последен, но не и помалку важен: е Crafter. По редизајнот на серијата во 2011 година, моделот успеа да обезбеди четири победи, вклучувајќи ја најпосакуваната "Utilitaire de l'annee 2012" доделена од страна на престижниот француски магазин " L’Argus".
Во Велика Британија, Volkswagen Комерцијални возила беше единствениот производител кој успеа да ги собере наградите од британското списание “What Van?” во три различни категории за 2012 година. Амарок беше прогласен за "пикап на годината", Caddy 4MOTION ја освои наградата " 4x4 Ван на годината", а Transporter Sportline ја освои наградата по избор на уредниците и беше прогласен за фаворит на списанието “What Van"?”
,,Широкиот спектар на оценување и критериуми според кои нашите модели беа поставени на врвот покажаа дека имаме вистински модели за секој клиент. Ние сме горди на различноста, а истата ја користиме преку нашите претставништва во светот да оствариме поголемо учество на пазарот ", изјави Шомбург.

