Новото Caddy. Најдоброто досега!
Ви ја претставуваме најновата генерација наследници на постоечката линија Caddy од гамата Volkswagen Комерцијални возила.
Поопремени, побезбедни, поубави и подостапни отколку до сега - изведбите Caddy GP, Caddy GP Kombi, Caddy GP Life го имаат задржано концептот на товарен и багажен простор, а изгледот е во согласност со новиот дизајн тренд на Volkswagen. Докажаните и наградувани современи технологии почнувајќи од моќните и ефикасни TSI и TDI common rail мотори, различните комбинации на пренос на силата на патот, мануелните или DSG менувачи, погонот на предните или на сите четири тркала, Volkswagen ги имплементира и во Caddy GP.
Сериски најопремено возило во својата класа со стандардно ESP, централна брава со далечинско управување и дневни светла, новото Caddy GP e и рекордер во класата со најголем товарен простор од 4,7 m3, носивост од 813 kg и најголема должина на страничните лизгачки врати со отвор од 70 cm.
Високиот квалитет на материјалите во внатрешноста е заштитен знак на Caddy, а варијабилниот багажен простор кој со помош на двојно преклопливите и целосно демонтажни седишта може да се зголеми дури и до 3,88 м3 кај патничката изведба. Новото Caddy. Најдоброто досега!
За дополнителни информации, изработка на понуди и тест возење, посетете го салонот на Porsche Skopje, обратете се во дилерската мрежа на Volkswagen низ Македонија, или на следниот маил office@porsche.com.mk .
Сите актуелни понуди на Порше Македонија можете да ги погледнете на Facebook профилот на следниот линк www.facebook.com/PorscheMacedonia.

