Новиот Crafter
Унапредените мотори овозможуваат повеќе сила, поекономични се и имаат помали оперативни трошоци.
Ефикасните Common Rail TDI мотори со поголема вртежна моќ со намалена потрошувачка и намалена емисија на CO2 за 33%.
Најефикасна потрошувачка на гориво, Crafter троши само 7,2 литри на 100 км.
Оперативните трошоци намалени се за 25% со што се поставуваат нови стандарди.
Хановер 06 April 2011 - Volkswagen Crafter силно се позиционираше во сегментот 3,5 тонски транспортери. Со новите мотори, новиот Crafter ги презема врвните позиции според клучните критериуми. Напредниот четири цилиндричен TDI мотор нуди значително намалена потрошувачка и мали оперативни трошоци, кои се постигнуваат со подобрени возни перформанси и поголемата носивост. Најмоќниот мотор – што е сличен како кај Amarok и Transporter – со капацитет од 400 Nm вртежен момент со агресивен и ефикасен погон со директно вбризгување.
Визуелно, новиот Crafter во основа е во склад со дизајн на Volkswagen, редизајнирана предница и нагласени хоризонтални линии. Сето тоа, на ова корисно возило, му дава модерен изглед што е во склад со останатите возила Caddy, Amarok и Transporter од брендот Volkswagen комерцијални возила. Ентериерот е исто така надграден со свежи и трајни прекривки, ткаенини, редизајнирани инструменти и разни модификации на детелите кои се истакнуваат.
Сепак главните надградби можат да се видат под хаубата. Последната генерација на моќните и штедливи четири цилиндрични турбо дизел мотори со common rail и директно вбризгување успешно ги заменија досегашните пет цилиндрични мотори. Новиот Crafter поставува нови современи стандарди во многу области.
Полесните мотори како и другите технички модификации ја намалија тежина кај сите Crafter модели, што овозможува зголемување на корисната носивост до десет проценти. Тоа е клучен фактор во дневните транспортни операции.
-
Потполно обновена моторна линија – за 3.4 литри помала потрошувачка и со поголем вртежен момент.
- За 10 % поголема носивост
- Подобрена каросерија, и подобра заштита од корозија.
- Подобрени елементи во ентериерот со свежи и трајни материјали.

