Новиот Multivan Бизнис - мобилна конференциска сала и удобен крстосувач
- Луксузен ентериер со електронско прилагодување на седиштата
- Секогаш онлајн со мобилен интернет пристап
- Системот за озвучување Dynaudio овозможува максимално уживање.
Multivan Бизнис е најновиот луксузен модел од серијата Multivan. Бизнис верзијата како основа има Highline ниво на опременост и е синоним за врвен комфорот за бизнис патниците. Во задниот дел
нуди незаменлива и ексклузивна мобилна средина, со вкупно
шест седишта кои се совршени за луксузно патување.
Во просторната внатрешност на Multivan Бизнис доминираат автентични дрвени површини, кожни седишта Nappa и впечатлива дрвена гравура. Двете седишта Пулман со интегрирани сигурносни ремени, кои се наоѓаат во третиот ред придонесуваат за луксузна атмосфера и високо ниво на безбедност во задниот дел. Индивидуалните седишта во задниот дел се опремени со грејачи, можат да се прилагодат електронски, а со тоа им се овозможува на патниците да уживаат во максимално удобно патување. Интегрираниот ладилник ги одржува пијалоците ладни и закуските свежи за време на патувањето, додека дополнителното греење со далечинско управување може да ја загрее внатрешноста на потребната температура. Лизгачката мултифункционална маса е практична за употреба и може да се склопи меѓу седиштата во вториот ред и со тоа да заштеди простор.
Бизнис Multivan е опремен со безжичен интернет, тоа им овозможува на патниците да ја одржат кореспонденција и да ги добијат важните информации во движење. Системот Digital Voice Enhancement (DVE) овозможува слободна и лесна комуникација на патниците со помош на автоматско засилување на нивните гласови преку звучниците кои се вградени во возилото.
Звучниот систем Dynaudio е изработен по мерка на внатрешноста на Multivan и нуди уживање при слушањето со висок квалитет, исто така на располагање е и мултимедијален приклучок за iPod и iPhone. На задните седишта системот е дополнет со DVD плеер и со 10-инчен монитор кој, како дополнителна опција, може да склопи во покривот.
Возачите можат да ги очекуваат стандардните погодности дополнети со RNS 510 радио навигациски систем, мултифункционален волан, ParkPilot систем за помош при паркирање со камера, електрично прилагодување на надворешните ретровизори, систем за мобилен телефон, асистент за промена на лента и систем за следење на состојбата на гумите.
Пасивна заштита на патниците вклучува странични и завесни воздушни перничиња напред, и завесни воздушни перничиња во задниот дел.
Затемнетите прозорци ги чуваат патниците од љубопитните погледи. Две електронски лизгачки врати и 17 - инчни алуминиумски тркала го нагласуваат надмениот карактер на Multivan. Би- Xenon светлата одлично го осветлуваат патот напред.
Возилото го придвижуваат два моќни TDI мотори (103 kW / 140 КС и 132 kW /180 КС) или моќниот TSI мотор со 150 kW / 204 КС. Сите мотори можат да бидат во комбинација со 7-степен DSG менувач и погон на четири тркала 4MOTION, кој е електронски контролиран.

