Пикап за работа при тешки услови – Амарок со единечна кабина и големо оптоварување
-
Кабината на Амарок се карактеризира со товарна површина која е 65 cm подолга
- Удобноста на кабината нуди повеќе простор од вообичаеното
- Овој “ вреден работник ” сега е достапен за нарачка
По успешното светско претставување на пикапот Амарок со двојна кабина, втората варијанта на моделот Амарок која сега се подава на Германскиот пазар е Амарок со единична кабина и продолжена товарна површина за поголемо оптоварување. Амарок со единична кабина е класичен „ вреден работник“ меѓу пикапите.
Амарок со единична кабина се карактеризира со товарната површина која е продолжена до 2,205 mm при иста должина и меѓуоскино растојание споредбено со Амарок со двојна кабина и четири врати. За разлика од возилото со двојна кабина товарната површина е за 65 cm подолга, и таму можат за се сместат две палети (по европски стандарди) по дијагонала или една по друга, така оставајќи 60 cm слободна товарна површина. Амарок со единечна кабина има непроменета ширина, 1,22 m растојание помеѓу тркалата и товарна површина од 3, 57m2. Големите и габаритни стоки можат безбедно да се транспортираат благодарение на шесте алки за прицврстување кои доаѓаат како стандард.
Пикапите со единечна кабина се сметаат за “вредни работници” при тешки услови на работа во индустријата, градежништвото и земјоделството. Големината на товарната површина е важна во овие области. Сепак, инженерите од Фолксваген комерцијални возила напорно работеа за да создадат доволно простор во возилото. Па така единечната кабина е подолга од таа на конкуренцијата така што вредни предмети можат лесно да се сместат зад двете седишта и повторно да остане доволно простор за да се најде оптималната положба за седење.
Амарокот со единечна кабина има моќен 2.0 ТDI мотор со 90 kW/ 122 КС како и би-турбо мотор со 120 kW/ 163 КС. Клиентите можат да избираат меѓу погон на задните тркала или селективен погон на сите четири тркала со редуктор - и двете опции се со шест степен мануелен менувач. Потрошувачката на гориво кај новиот Амарок е исклучително ниска: верзијата со 90 kW, троши само 7,2 l/ 100 km, при ниска емисија на СО2 од 189 g/km.
Како дополнение на електронската блокада на диференцијалот, механичката блокада на диференцијалот на задната оска е достапна кај двете верзии. Засилената суспензија овозможува оптоварување до 1,248 Т. Безбедноста и понатаму останува на многу високо ниво, така што како опција можат да се добијат (ESP) системот, воздушни перничиња за возачот и совозачот, како и воздушни перничиња за главата и градниот кош.
Како надополнување на класичната верзија на комерцијалното возило со црн преден браник, достапен е стилски пакет за единечна кабина, кој се состои од преден браник во боја на возилото, 18 или 19-инчни алуминиумски тркала, како и широк спектар на друга дополнителна опрема вклучувајќи го и одличниот систем за навигација. Овој “ вреден работник ” може да се претвори и во лајфстајл пикап за сечиј вкус.
Амарок со единична кабина по промоцијата во Германија е достапен и на македонскиот пазар. Овие возила се очекува да пристигнат во Македонија кон средината на 2012 година.

