Турнејата „Помести Го Светот" ги испитува крајните можности на луѓето и машините.
- Јоаким Франц предводи пет возила AMAROK низ четири континенти.
- Последна фаза: Австралија која допрва треба да се извози.
- Екстремниот спортист говори за најтешката турнеја во последните десет години.
Хановер, 19 Јули 2011 година. Експедицијата во Конго се соочува со ништо друго освен песок, кал, затворени африкански граници, мински полиња, поплави, на ова практично нема што да се додаде. Нема предизвици со кои тимот на Јоаким Франц не се соочува за време на неговата турнејата „Помести Го Светот 2011".
Во текот на нивната турнеја активистите од Волфсбург за борба против вирусот ХИВ имаа за цел да поминат 49 земји на четири континенти за 85 дена, тие возеа 62 000 километри, досега тие поминаа 54 000 километри. На експедицијата и претстои завршниот дел, тоа е рутата која вклучува околу 8 000 километри низ Австралија За последниот дел планирани се десет дена. Volkswagen Комерцијални возила и дава поддршка на експедицијата со пет возила Volkswagen AMAROK. Не само за учесниците, но исто така и за возилата оваа патешествие е тест, кој ги поместува границите на издржливост на човекот и машините.
"Ова е нашата најтешка турнеја досега", изјави Јоаким Франц, при паузата во Хановер помеѓу две фази. "Возилата работат без престан, ние се движиме речиси цело време со многу малку паузи за спиење. Туш и тоалет се тешко достапни тие едноставно се луксуз". Претежно авантуристите спиеја во возилата или во шатори кои лесно се монтираат на AMAROK и истите можат да се подигнат за неколку минути.
Возилата AMAROK се произведени со Теренски пакет и ги надминаа сите тешки пречки.
"Кога за прв пат го видов видео материјалот на експедиција, јас бев толку шокиран што ги ставив моите дланки над очите ", вели Харалд Шомбунг, член на одборот на Volkswagen Комерцијални возила за продажба и маркетинг. "AMAROK беше навален и заглавен во калта но набрзо потоа - речиси чудесно – сите се извлекоа надвор, неповредени. Тоа е вид тест на издржливост кој не може да се направи во вештачки услови", додаде Шомбунг.
Сите пет возила AMAROK во експедиција, имаат 2.0 TDI common rail, мотори со директно вбризгување и со 163 КС и со пренос на четири тркала 4motion со редуктор. Затоа AMAROK може да вози по разни патишта низ глина, камен, кал, песок, пештери и карпест терен.
Но целта на експедицијата не се првенствено автомобилите. Целта на тимот е да се соберат 5 милиони евра кои ќе се користат за образување и информирање на населението за опасноста од ХИВ вирусот. Повеќе од десет години екстремните спортисти организираат нови спектакуларни акции за подигнување на свеста кај населението за болеста.

