Pringles на фестивалска турнеја со црвено бели Volkswagen комбиња
- Volkswagen Комерцијални возила ги здружија силите со Procter & Gamble.
Под слоганот "Земи гo фестивалското чувство" – започна летната кампања за Pringles, со тоа компанијата која продава повеќе производи за широка потрошувачка Procter & Gamble – започна поинаква промоција.
Клучна улога или со други зборови главен мотив за компанијата беше познатиот Volkswagen Campervan. Идејата е да четири кампери во боите на Pringles, црвена и бела, цело лето посетуваат музички фестивали и со тоа да го промовираат производот. Моделот на Volkswagen - Комерцијални возила, е во центарот на сите печатени маркетинг материјали за Pringles, како и на сите дисплеј површини во супермаркетите.
"За да допреме до целната група на Pringles на едно силно емоционално ниво, ние го одбравме Volkswagen Campervan за таа цел, ова возило е најдобро решение, како симбол на слободата, музика и долгите летни патувања полни со сонце и забава", објасни Гарет Магуир, бренд менаџер за Pringles за Европа и Африка.
Не е лесно да се најдат четири икони на Volkswagen во врвна состојба и со иста боја, за таа цел маркетинг агенцијата Zerotwonine од Франкфурт веднаш се упати во родното место на Volkswagen Комерцијални возила, Хановер.
"Навистина бевме возбудени од идејата за оваа крос-маркетинг кампања, бидејќи фестивалско чувство, забавата, радоста и релаксираното чувство е слика што токму ова возило, Volkswagen Campervan, ја дава.“. изјави Рамзис Муса, шеф на одделот за маркетинг во Volkswagen Комерцијални Возила.
Тимот од Volkswagen - Комерцијални возила успеа да најде неколку олдтајмери Campervan и со љубов ги поднови во согласност со спецификациите на партнерот, вклучувајќи го брендирање, прекривките за седиштата, а на покривот поставени се огромни модели од лименките Pringles. Планот е Campervan од Volkswagen комерцијални возила и Pringles да присуствуваат на вкупно 17 фестивали, во 13 земји.

