Продолжува растот на лесните комерцијални возила
-
Испораките во светот пораснаа за 25,5 проценти во периодот од јануари до септември 2011
- Висок раст на големите пазари
Volkswagen Комерцијални возила постигна значајни зголемувања на продажбата во периодот од јануари до септември 2011 година. Лидерот на европскиот пазар испорача 390.000 лесни комерцијални возила во целиот свет во првите девет месеци од 2011 година што е пораст од 25,5 % во споредба со истиот период минатата година (јануари- септември 2010: 310.700).
"Нашиот бренд никогаш досега не продал толку многу возила во девет месеци", изјави Харалд Шомбург, член на управниот одбор на Volkswagen Комерцијални возила за продажба и маркетинг. " До крајот на годината ние се надеваме на натамошен раст " - додаде Шомбург.
Бестселер на брендот беше Caddy. Во светот испорачани беа 118.400 возила (94.300 во претходната година), што претставува раст од 25,6 проценти.
Следи Т5, со варијантите Caravelle, Multivan и California со пораст од 9,6 отсто или 115.700 испорачани возила (105.600 во претходната година).
Со 26.700 продадени примероци низ целиот свет, Crafter ја потврди својата пазарна позиција.(минатата година: беа продадени 26.400). Amarok значително ја зголеми продажбата кон крајот на септември, од овој модел испорачани беа 47.400 возила.
"Успехот во продажбата во 2011 година покажува дека ние и нашите партнери сме на правиот курс во искористувањето на сите потенцијали на пазарот", изјави Шомбург. "Нашиот најнов модел Amarok ги исполни сите наши очекувања и успеа да ја зголеми севкупната продажбата ."
Во Западна Европа, продажбата на сите модели од брендот се зголеми за 17,5 проценти до крајот на септември, со продадени 211.900 единици (претходната година: 180.300). Најголем раст брендот оствари во Германија, со 91.200 продадени возила (претходната година: 84.700 возила, што е зголемување за 7,6 отсто).
Во Источна Европа, продажбата на комерцијални возила се зголеми за дури 43,5 отсто со 24.900 продадени единици (претходната година: 17.300). На Блискиот Исток, под влијание на продажбата во Турција, испораките се зголемија за една третина, 22.300 испорачани единици (претходната година: 16.900).
"Продажбата што ја постигнавме досега, стапка на раст и двојно поголемите бројки, ја потврдуваат нашата продажна стратегија за одржлив развој на пазарите надвор од Европа, со модели кои се погодни за иднината и услугата на дилерската мрежа со фокус на клиентите", нагласи Шомбург.

