Volkswagen Комерцијални возила - постигна рекорден раст на продажбата
-
Брендот бележи значителен раст од 21,4 проценти во 2011 година
- Највисок обем на продажбата кој некогаш бил постигнат
- Шомбург:" Три пати зголемена стапката на раст на севкупниот
пазар во Европа "
- Несразмерно висок меѓународен раст
Брендот Volkswagen Комерцијални возила ги постигна најдобрите продажни резултати во 2011 година, најдобри резултати во својата историја. Во светски рамки, брендот испорача 528.000 лесни комерцијални возила – што е зголемување од 21,4 проценти во однос на истиот период минатата година (во 2010 година продадени беа 435.700)."За прв пат, ние продадовме повеќе од половина милион лесни комерцијални возила ", изјави Харалд Шомбург, член на управниот одбор на Volkswagen Комерцијални возила за продажба и маркетинг. "Продажбата на нашите производи има двојно поголеми стапки на раст и на европскиот пазар и на пазарите надвор од Европа. "
- Испораките од моделот Caddy се зголемија за 24,7 проценти или 160.600 возила во светот (во 2010 година испорачани беа 128.800).
- Продажбата на Т5 се зголеми преку моделите Transporter, Caravelle, Multivan
и California за 5.2 проценти или 155.800 возила испорачани во светот (во 2010 година испорачани беа 148.100).
- Испораките на Crafter се зголемија за 5,7 проценти или 39.600 возила во светот (во 2010 година испорачани беа 37,500).
- Пикапот Амарок тројно ја зголеми глобалната продажба за 66.500 возила (во 2010 година продадени беа 22,500).
- Во Западна Европа, брендот постигна значителен раст од 17,9 проценти,
Уште едно зацврстување на водечка позиција и испорака на 289.750 лесни комерцијални возила на клиентите (во 2010 година испорачани беа 245.700). "Во Европа, ние остваривме динамичен раст, три пати поголеми стапки на раст на целокупниот пазар во 2011 година", нагласува Шомбург." Растот на продажбата не се само поради економските причини, растот е исто така резултат на нашите моќни и ефикасни производи, како и ефикасноста и посветеноста на нашиот специјализиран тим за продажба. "
Брендот Volkswagen Комерцијални возила, исто така, постигна раст на продажбата во централна и источна Европа. Испораките се зголемиja за 36,6 проценти или 36.500 лесни комерцијални возила (во 2010 година испорачани беа 26.700).
Брендот Volkswagen Комерцијални возила оствари непропорционално висок раст на меѓународните пазари во 2011 година. Во Африка раст од 89 проценти, во Австралија 45 проценти раст, во Азиско-пацифичкиот регион 48 проценти раст. Во Јужна Америка, Volkswagen Комерцијални возила испораките ги зголеми за 20,9 проценти или 137 400 – во тој континент клучни пазари се Бразил со зголемување од 14,6 проценти и Аргентина со раст на продажбата за 77 проценти.
"Нашите пресметки покажуваат дека нашиот бренд постигна двојни стапки на раст на поголемите региони во светот во текот на 2011 година. Ние исто така, постигнавме раст на многу пазари – како во однос на продажбата, така и во однос на уделот на пазарот. Новата година ние ја почнуваме со голем број на нарачки кои дури и ги надминуваат и бројките од 2007 година, која за нас беше многу добра продажна година. Будно ги следиме меѓународните пазари, а тоа значи дека ние сме добро подготвени за можностите, но и за ризиците кои 2012 година може да ни ги донесе. " изјави Шомбург

