Највисока енергетска ефикасност на Volkswagen комерцијалните возила - Transporter и Crafter со BlueMotion технологија.
- Transporter и Crafter BlueMotion поставија нови стандарди со најниска потрошувачка во нивните сегменти.
- Доследна примена на BlueMotion технологијата.
На пазарот на комерцијални возила, комбинацијата на ефикасна технологија за управување и најновите технички достигнувања резултираат со извонредно економична потрошувачка, под името "BlueMotion". Тоа се двата нови модели Transporter BlueMotion и Crafter BlueMotion. Со потрошувачка од 6,3 односно 7.0 литри, секој од овие исклучително ефикасни комерцијални возила од Volkswagen поставуваат нови стандарди во своите класи.
Volkswagen Комерцијални возила ја започна новата година со два исклучителни модели секој на свој начин - изведбите наTransporter и Crafter. Ниската потрошувачка ги издвојува Transporter BlueMotion и Crafter BlueMotion. Со ова ново дополнување, брендот Volkswagen Комерцијални возила воведува за прв пат независни BlueMotion модели во комерцијалната гама. Тие се од особен интерес за флотните клиенти и за другите клиенти кои се грижат за животната средина, а значајни им се ниските трошоци за одржување.
,,Со воведувањето на BlueMotion технологијата во Transporter и Crafter, ние поставуваме нови стандарди на потрошувачката кај возилата кои имаат чисто комерцијална употреба ", изјави д-р Волфганг Шраибер, портпарол на извршниот одбор на брендот Volkswagen Комерцијални возила и член на одборот кој е одговорен за развој. "Нашите клиенти се заинтересирани за возила со ниска потрошувачка, ниски трошоци за одржување и висока корисна вредност, што е исклучително важно за брендот Volkswagen Комерцијални возила. "
Transporter BlueMotion - има нормален покрив, 3000 mm должина, максимална дозволена бруто тежина од 2,7 тони и 2.0 TDI моторот со 84 kW. Дополнително во Transporter BlueMotion има старт / стоп систем, регенеративно сопирање , оптимизиран отпор на пневматиците, контролен дисплеј за притисокот во пневматиците, дополнителни аеродинамични мерки и темпомат - Transporter BlueMotion, исто така, има специјално адаптиран пет степен пренос и соодветно координирано управување со моторот.
Благодарение на комбинираната примена на мерките за високо ефикасна потрошувачка, Transporter BlueMotion користи 6,3 литри дизел на 100 километри, што одговара на емисија на CO2 од 166 g / km. Сето тоа го прави новиот Transporter BlueMotion најекономично возило во класата и ја намалува потрошувачката за дополнителни 0,4 литри во однос на претходниот Transporter со 84 kW, 2,0 TDI мотор и со BlueMotion технологија – моделот кој досега имаше најниска потрошувачка во класата.
Transporter BlueMotion, кој може сега да се нарача, е препознатлив по етикетата "BlueMotion" која е поставена на предниот дел на решетката за воздух и на задниот дел. Моделот има карактеристични BlueMotion материјали во внатрешноста. Ексклузивно за моделите Transporter BlueMotion на располагање е "Глечер,, сина металик боја.
Новиот Crafter BlueMotion, кој веднаш може да се нарача е достапен во две варијанти на мотор со 80 и 100 kW. Моторите користат само 7,0 литри дизел гориво на 100 километри, што одговара на емисија на CO2 од само 184 g / km.
Овде, исто така, земена е основата на Crafter 30 комби со нормален покрив и кратка основа и остварува ефективна заштеда на гориво во комбинација: старт - стоп системот, управување со енергијата и нејзина регенерирање, оптимизирн отпор на пневматиците, темпомат и побрза задна оска, која има ефект при намалување на вртежите во минута.
Crafter BlueMotion, се разликува од другите Crafter модели по етикетата BlueMotion која е поставена на предниот и задниот дел и по материјалите на седиштата.
Со овие две возила значајно се проширува асортиманот на BlueMotion моделите од брендот Volkswagen Комерцијални возила. Покрај овие два модели, BlueMotion технологијата е вградена и во Multivan, Caddy, Амарок и другите варијанти на Т5 и Crafter. Кај варијантите на Transporter: Multivan, Caravelle и Калифорнија, BlueMotion технологија ќе биде сукцесивно имплементирана во сите модели со широк спектар на достапни мотори.

