Брендот Volkswagen комерцијални возила го поддржува релито Дакар 2012
-
Амарок со автоматски менувач, Амарок со единечна кабина и
Crafter 4MOTION се појавуваат за прв пат
- Вкупно 40 возила, сервисни и возила за поддршка се дел од караванот на релито
Релито Дакар важи за еден од најтешките мото-спорт настани во светот, со екстремни тестови на силата и издржливоста на човекот и на машините. По трет пат, брендот Volkswagen Комерцијални возила обезбеди флота за поддршка на овој извонредно предизвикувачки настан, каде што најновите возила се тестираат при екстремни услови.
Има многу новости за Дакар 2012. Почетокот повеќе не е во аргентинскиот главен град Буенос Аирес, туку во туристичкиот град Март дел Плата, што е околу 500 километри појужно. За разлика од претходните настани, караванот не оди два пати низ целиот континент , туку патува од Чиле северно до Лима, главниот град на Перу. Тимот на Volkswagen, кој победуваше изминативе три години, оваа година не учествува. Наместо тоа, мото-спорт тимот одлучи целосно да се концентрира на подготовките за закажаното Светското рели првенство за 2013 каде ќе учествуваат со Polo R WRC.
Но, некои работи не се менуваат. Трет пат по ред, Volkswagen Комерцијални возила се официјални возила за потребите на организацијата на Дакар. 30 возила Амарок вклучувајќи ги и новите модели: со автоматски менувач и со единична кабина. Исто така предвидени се и осум возила Multivan Panamericana. Новитет во караванот е Crafter 4MOTION со погон на четири тркала, од Achleitner.
Сите возила со извонредни резултати поминаa низ она што е познато како технички прием. Опремата за итни случаи (меѓу другото, сателитските системи за поддршка и систем за итни повици) беше внимателно проверена, а
особено внимание беше посветено на виталната заштитна опремата, при тешките пустински фази на релито. Како резултат на тоа, на возилата Амарок им беше дозволено да го следат вистинскиот пат на релито, а истите се соодветно опремени со кафез за заштита од превртување, специјални седишта и сигурносни појаси. Тимовите, исто така, ја добија битката со бирократијата, кога се во прашање возачките дозволи и здравственото осигурување.
Околу 250.000 луѓе го следеа почетокот на релито во Плаза Колон во центарот на Март дел Плата и ги поздравија учесниците на релито и возилата за поддршка на нивниот пат. 178 мотоцикли, 30 квад возила, 161 автомобили и 74 камиони ја започнаа трката.
На караванот Дакар му претстојат околу 9.000 километри. Патот најпрво води преку Аргентина, а потоа преку Пампас, Андите и преку преминот на 4800 метри, Сан Франциско кај Чиле.

