Во првата половина од 2011 година, брендот Volkswagen - Комерцијални возила постигна зголемување на продажбата за 29 отсто.
Хановер, 18 јули 2011 година. Во првите шест месеци од оваа година Volkswagen - Комерцијални возила продолжува со постојаното зголемување на испораките. До крајот на јуни, водечкиот производител на комерцијални возила во Европа испорача 260 300 единици во светот, што претставува зголемување од 29 проценти во споредба со истиот период минатата 2010 година (2010: 201 900 возила).
Лидер во успешната продажба е моделот Transporter Т5, со неговите варијанти Fourgon, Caravelle, Multivan, и California, од овој модел беа испорачани 80.416 возила на клиентите во светот (2010 година: 71.844 околу 11,9 проценти), а потоа следи моделот Caddy со 80 101 примероци (2010: 61.338, околу 30,6 проценти).
"Transporter е далеку најдобар на пазарот во тој сегментот, тоа се случува и покрај навистина жестоката конкуренција“, вели Харалд Шомбург, член на одбор на Volkswagen - Комерцијални Возила за продажба и маркетинг.
"Новото Caddy, го имаше своето деби минатата година и навистина им остави голем впечаток на клиентите со својата флексибилност, просторност и економичните мотори. Со тие карактеристики овој модел брзо ќе стане бестселер", изјави Шомбург
Од моделот Crafter беа испорачани вкупно 17 212 возила. На пазарот по лансирањето на новиот Crafter капацитетите работат под полна пареа. "Ние сме оптимисти дека новиот Crafter ќе собори рекорди на пазарот ", вели Шомбург.
Во првите шест месеци од оваа година, за успехот во продажбата заслужен е и новиот модел AMAROK, од кој се испорачуваат 29.165 примероци. Во моментов компанијата има околу 31 000 нарачки за моделот AMAROK.

