Новиот Amarok: Првиот Pickup од Volkswagen Комерцијални возила
Зборот Amarok во превод значи "волк". Неговите квалитети се: сила, издржливост и супериорност.
Новиот пикап од Volkswagen е Amarok. Есента 2009 беше промовиран првиот пикап во Јужна Америка. Amarok ќе стартува со продажбата во Јужна Америка, а во Европа ќе пристигне летото 2010 година. Volkswagen со ова возило сака да им конкурира на доминантните Јапонски пикапи. На минатогодишната презентација на комерцијални возила, Volkswagen презентираше импресивна студија од возилото.
Нови стандарди во pickup сегментот
Новоразвиенот Amarok ќе биде понуден како пикап со двојна кабина и погон на сите тркала. Подоцна се планира и изведба со една кабина. Меѓу неговите главни карактеристики покрај модерната технологија се и економичните мотори и новиот Volkswagen дизајн. Amarok има висок вртежен момент, но сепак економичен common-rail турбо дизел мотор од најновата генерација. Со потрошувачката и емисијата на CO2, Amarok ќе постави нови стандарди во pickup сегментот.


