Внатрешна опрема
Колку и де е тешка работната задача, ништо не може да ве обесхрабри со Amarok. Удобниот внатрешен дел има опрема што инаку би очекувале да ja најдете во патнички автомобил. Од опционалното пресвлекување со кожа на седиштата до јасно поставените инструменти на таблата, концептот на внатрешиот дел се фокусира да направи да се чуствувате удобно и да ви обезбеди доволно простор над главата и пред нозете.
Предна страна на внатрешноста
Предниот дел од двојната кабина е исто така дизајниран со посебно внимание за да овозможи да се чувствувате пријатно. Двете ергономски предни седишта се со висинско подесување и опционално може да се овозможи греење на седиштата. Рачката на совозачката страна овозможува лесен влез во возилото, а во Trendline и Highline има дополнителна рачка во А-столбот и на возачката страна. Два држача за чаши ги држат кафето и ладните пијалоци безбедно на своето место. Уште една практична работа: фиоките под седишта во Trendline и Highline ви обезбедуваат простор за мали предмети. Посебно внимание, се разбира, е посветено и на вашата безбедност: воздушни перничиња за возачот и совозачот, плус две глава/граден кош воздушни перничиња ве штитат во случај на незгода.
Достапно за: A | T | H
Кабина
Премиум -изгледот и квалитетот на материјалите, како и и ергономската поставеност на контролите, поставуваат сосема нови стандарди меѓу пикапите. Постојат многу прегради за безбедно да се смести се што е потребно за време на патувањето. Сферните издуви за воздух се особено практични бидејќи тие дозволуваат директна и прецизна регулација на проток на воздух.
Достапно за: A | T | H
Централна контрола
Практично место за складирање со поклопец се наоѓа зад рачката на менувачот.
Достапно за: A | T | H
Држачи за чаши
Држачите за чаши се интегрирани во централната конзола и ги држат вашите пијалоци безбедно на своето место.
Достапно за: A | T | H
Прилагодување на височината на седиштата.
Ергономските седишта за возачот и совозачот може да се прилагодот индивидуално при замор особено при долгите патувања.
Достапно за: A | T | H
Задна страна на внатрешноста
Штом ќе седнете на удобните седишта, не ќе сакате брзо да излезете од Amarok. На задната клупа има импресивен простор над главата и пред нозете. Неопходната безбедност се постигнива со помош на три наслони за глава, три сигурносни појаси со три точки на врзување и два ISOFIX седишта за деца. Влегувањето и излегувањето е многу лесно благодарејќи на рачките поставени на B- столбот кај Amarok Trendline и Amarok Highline.
Достапно за: A | T | H
Деллива задна клупа
Седиштат може да се преклопат нагоре за да го заштитите тапацирот. Потоа може да го сместите вашето куче или електричната опрема во двојната кабина за да ги заштитите од дождот.
Достапно за: A | T | H
Прегради во вратите
Вратите на возачот и совозачот имаат преграда во која може да се смести 1.5 l шише.
Достапно за: A | T | H
12V приклучок
Приклучокот се наоѓа на инструмент таблата и може да се користи за, на пример, поврзување на пренослив уред за навигација.
Достапно за: T | H
Под
Обложувањето на подот со тепих создава пријатна атмосфера во внатрешноста на возилото. Како опција, може да се добие груб тепих чија површина е лесна за миење и овозможува патничкиот простор да се одржува чист.
Достапно за: A | T | H
Објаснување за кратенките:
A = Amarok Basisline
T = Amarok Trendline
H = Amarok Highline


