Надворешна опрема.
Дизајнот на Amarok не е само функционален, но исто така и крајно впечатлив: Карактеристичниот Volkswagen-ов изглед со упадливи фарови може да се препознае од далеку. Продолжените лакови на куќиштата на тркалата, кои се стандардни кај Amarok Highline, го нагласуват неговиот моќен карактер, а допадливите за око задни светла остават силен впечаток. Нема сомнение за тоа дека овој дизајн пренесува многу силна порака.
Товарна платформа
Ширината на товарната платформа од 1,222mm помеѓу куќиштата на тркалата, овозможува попречно да се транспортира Евро палета во Amarok – што е незамисливо за повеќето пикапи. Можно е оптимално искористување на целиот товарен простор. Товарот може безбедно да се прицврсти со четири алки за обезбедување, така што ќе бидеме сигурни дека се останува на своето место, Цврстата задна врата, пак, може да се користи како продолжување на товарната платформа.
Достапно за: A | T | H
Преден браник од црна пластика
Тој е многу цврст и издржлив. На ваше барање, браникот може да биде обоен во боја на возилото.
Достапно за: A
Црн заден браник
Робусниот браник со скалило го заокружува задниот дизајн. На ваше барање, овој специфичен браник може да се изостави кај базичната верзија на Amarok.
Достапно за: A | T
Преден браник во боја на возилото
Предниот браник и рачките на вратите се во боја на возилото и на Amarok Trendline му даваат динамичен изглед.
Достапно за: Т
Преден браник со хром апликација
Хром пакетот кој се состои од хромирани светла за магла и хромирани решетки за воздух и за ладилникот, креират брилијантен контраст со бојата на возилото.
Достапно за: Н
Заден хромиран браник
Хромираниот челичен заден браник со интегрирано скалило овозможува полесен утовар и истовар.
Достапно за: Н
Осветлување на товарната платформа
Ја осветлува товарната платформа, така што товарот може да биде утоварен или истоварен и во темница. Дополнително кон ова светло, интегрирано е и трето стоп светло.
Достапно за: A | T | H
Калници напред и позади
Тие се направени од тврда гума и сместени во внатрешноста на куќиштето на тркалото, за да го заштитат вашето возило и возилата зад вас од прав и камења.
Достапно за: A | T | H
Електрични ретровизори.
Тие се греени и во нив е интегрирана антена. Затоа имаат чист поглед и јасен радио прием.
Достапно за: A | T | H
Висина на прагот за утовар и висина на страните на товарната платформа
Многу ниската висина на прагот за утовар од 779mm ги намалува напорите за утовар и истовар. 508mm страни на пикапот се невообичаено високи што го олеснува транспортот на габаритни товари.
Достапно за: A | T | H
Кука за влечење
Со тежина на приколката до 2.800kg на 12% нагорнина, таа е робусна како и самиот Amarok. Кај возила без заден браник, куката се испорачува со заштита.
Достапно за: A | T | H
Челична заштита на подвозјето
Ова го штити моторот, менувачот и резервоарот за гориво од камења или препреки на теренот. Заштитата на подвозјето е стандард кај селективен 4MOTION.
Достапно за: A | T | H
Тркала
Робусен и моќен на отворен терен, елегантен на градските улици – или повеќе преферирате нешто поспортски изглед. Дајте му на вашиот Amarok непогрешлив изглед со избирање на алуминиумски тркала од широката палета на различни дизајни и големини кои одговараат на вашите лични желби.
Четири “Aldo” алуминиумски бандажи.
8 J x 17, со продолжени лакови на куќиштата. Со 245/65 R17 111T гуми.
Достапно за: T | H
Четири “Durban” алуминиумски бандажи.
7½ J x 18, со продолжени лакови на куќиштата. Со 255/60 R18 112T гуми.
Достапно за: A | T | H
Четири “Alastro” алуминиумски бандажи
8 J x 19 со продолжени лакови на куќиштата. Со 255/55 R19 111T гуми.
Достапно за: A | T | H
Четири “Aragonit” алуминиумски бандажи
8 J x 19. Со 255/55 R19 XL 111H гуми. Стандардните гуми се вклучени во испораката.
Достапно за: H
Објаснување за кратенките:
A = Amarok Basisline
T = Amarok Trendline
H = Amarok Highline


