Опрема – комфор и мултимедија
Комфор
Кога работата од ден на ден ви станува се потешка и понапорна, вашето патување до работа треба да биде што е можно поудобно. Amarok нуди многу опрема за зголемување на вашата удобност: на пример, повеќе внатрешен простор над главата и пред нозете, опционално пресвлекување на седиштата со кожа за Trendline и Highline вклучувајќи и греење на предните седишта, и високо квалитетни системи за климатизација за да ви го направи работниот ден попријатен.
Мултифункционален дисплеј
Борд компјутерот ви дава информации за да ви помогне да возите поекономично и побезбедно - ова нуди и приказ на просечна потрошувачка на гориво.
Достапно за: A | T | H
“Climatic” клима уред
Полу-автоматскиот клима уред има внатрешен сензор и коинтунирано ја регулира температурата за да кореспондира со посакуваното температурно подесување. Големите, ергономски копчиња ви овозможуват да ја прилагодите температурата во степени, како и дистрибуцијата на воздух и брзината на вентилаторот за време на патувањето.
Достапно за: A | T
Алармен уред против кражба
Достапен во комбинација со централното заклучување, овој систем вклучува електронски имобилајзер, предупредувачка сирена како звучно предупредување, и предупредување ако капакот за гориво, вратите или поклопецот на моторот е отворен.
Достапно за: A | T | H
“Climatronic” клима уред
Овој систем овозможува 2 зонско прилагодување на температура, одделно за возачот и совозачот. Во зависност од интензитетот на сончевите зраци и од надворешната температура додава повеќе или помалку ладен воздух соодветно. Функцијата за автоматска рециркулација на воздухот и сензорот за квалитет на воздух обезбедуваат пријатна внатрешна клима.
Достапно за: A | T
Мултимедија
Доколку звуците на природата не се доволни за вас, Amarok нуди разновидни атрактивни звуци. Радио системот обезбедува забава за сите патници преку шест звучници, hands-free ви овозможува да разговарате додека возите. Ништо понатаму не може да го попречи вашето пријатно патување.
“Touch Phone Kit” Bluetooth hands-free за мобилните телефони
2,8” TFT екран на допир во боја со брза и точна контрола на гласот е многу лесен за употреба (во зависност од видот на мобилниот телефон).
Достапно за: A | T | H
“RNS 315” навигациска функција за “RCD 310” радио.
"RNS 315" ги има сите функции на "RCD 310" радио систем плус колор екран на допир и Bluetooth компатибилен hands-free систем. Шесте звучници обезбедуваат оптимален звук. Мапите на Западна Европа се зачувани на интегрирана 4 GB flash меморија, така што можете да го слушате вашето омилено CD во текот на навигацијата. Во предниот дел на уредот се интегрирани еден AUX-IN приклучок и слот за SD картичка.
Достапно за: A | T | H
“RCD 210” радио систем.
Ова радио има RDS дисплеј, CD плеер компатибилен со MP3, интерфејс за мобилен телефон, и два или четири звучници, секој со моќност од 20 вати.
Достапно за: A | T
“RCD 310” радио систем.
Ги има сите функции на "RCD 210", плус два дополнителни звучници во задниот дел, разновидни антени, и голем дисплеј компатибилен со ParkPilot.
Достапно за: A | T | H
Објаснување за кратенките:
A = Amarok Basisline
T = Amarok Trendline
H = Amarok Highline


