Пакети со опрема.
Хром 2 – надворешен пакет
Надворешниот изглед на вашиот Amarok може да го надополните со елегантни апликации и додатни делови изработени од нерѓосувачки челик. Овој пакет се состои од двојна полирана стилизирана цевка, две хромирани странични цевки, и заштита на подвозјето “Design” обоено во две бои која се прoтeга низ целата ширина на предната страна на возилото. Amarok Basisline и Trendline добиваат дополнително хромиран заден браник.
Достапно за: A | T | H
Хром 3 – надворешен пакет
Овој ексклузивен пакет брилијантно го нагласува моќниот карактер на Amarok. Тој вклучува упадлива двојна хромирана стилизирана цевка, две хромирани странични цевки, и заштита на подвозјето “Design” обоено во две бои која се прoтeга низ целата ширина на предната страна на возилото. Браникот се претога низ целата ширина на предната страна на возилото. Amarok Basisline и Trendline добиваат дополнително хромиран заден браник.
Достапно за: A | T | H
Надворешен пакет со црна боја.
Овој пакет го изразува дивиот и моќен дух на Amarok. Челичните стилизирани цевки имаат дијаметар од 76 mm и се со црн сјај. Црните странични цевки со скалила и црниот заден браник го заокружуваат упадливиот изглед.
Достапно за: A | T
“Convenience” пакет.
Посакуваните подесувања за само неколку секунди: електричните прозорци и ретровизори може да се управуват со допир на копче. Овој пакет исто така вклучува и централно заклучување со далечинско управување.
Достапно за: A | T | H
Објаснување за кратенките:
A = Amarok Basisline
T = Amarok Trendline
H = Amarok Highline


