TDI моторот – обезбедува сила и економична потрошувачка на горивото.
Аmarok го покажува карактерот со својота надворешност, но својот силен темперамент го крие под хаубата: моќен 2.0l BiTDI мотор со иновативна Common Rail технологија. Тивкото работење на моторот со погон на задните тркала и комфорните лиснати пружини ви овозможуваат да уживате во удобноста на исто ниво со она на патничките автомобили при возење во град или патување по автопатот. Оние кои често мораат да возат на неуредена патека, можат како опција, да ги комбинираат комфорните лиснати пружини со перманенетниот погон 4MOTION. Комбинацијата на избор на селективен погон на сите тркала и појачани лиснати пружини го подготвува Amarok за теренско возење. Не е чудно тоа што и Volkswagen Touareg верува во истата biturbo мотор технологија за релито Дакар, најтешкото рели во светот.
6-степен мануелен менувач: робустен, сигурен и траен.
6-степениот мануелен менувач на Amarok е планиран за голем товар и има оптимален преносен однос, кратко движење на менувачот и меко менување на брзините. 6-иот степен е дизајниран како економичен степен (максималната брзина се постигнува во 5-тиот степен; брзината на моторот е намалена во 6-иот степен без намалување на брзината на возилото). Ова го заштедува горивото и ги намалува емисиите на CO2

Моќен и ефикасен - TDI мотор:
- BiTDI мотор со четири цилиндри, 2.0l зафатина, 120 kW и вртежен момент од 400 Nm
- последната генерација на Common Rail технологија: најдоброто можно искористување на вбризгувано гориво во цилиндрите
- ниска потрошувачка на гориво: Amarok со погон на задните тркала троши просечно 7,6 литри на 100 km
- ниска емисија на CO2
- моторот гo исполнува Euro 5 стандардот за емисија на издувни гасови
- тивка работа на моторот на исто ниво со она на патничко возило
- високиот вртежен момент овозможува да се вози економично при мали брзини на моторот
Потрошувачката на гориво / емисија на CO2.
Потрошувачка на гориво (литри/100 километри) и комбиниранa eмисија на CO2 (g/km), со 6 - степен мануелен менувач
Потрошувачка на гориво (литри/100 километри) и комбиниранa eмисија на CO2 (g/km), со 6 - степен мануелен менувач
Мотор |
Градска |
Отворен пат |
Комбинирана |
Комбинирана Емисија на CO2 |
2,0 BiTDI, 120 kW/ 400Nm погон на задни тркала |
9.4 - 9.5 |
|
7.6 - 7.7 |
199 - 203 |
2,0 BiTDI, 120 kW/ 400Nm 4MOTION |
9.6 - 9.7 |
6.9 - 7.0 |
7.8 - 7.9 |
206 - 209 |
Капацитетот на резерварот за гориво е приближно 80 литри. Податоците за потрошувачка на гориво и емисија на издувни гасови се утврдуваат во согласност со методот за мерење определено со (верзијата на ЕК регулатива 715/2007 која важи во моментов).